Координативен состанок со партнерски организации – грантисти на Националната мрежа

Нашата програма за субгрантирање на женски организации во соработка со шведската фондација Kvinna till Kvinna продолжува и во 2024 г. По исцрпниот процес на мапирање и селекција, заеднички одбравме четири организации, и тоа две со кои ја продолживме соработката – Организацијата на жени на Општина Велес и Здружението на психолози, советници и психотерапевти КОРТЕКС од Тетово – и две организации кои за првпат добиваат поддршка од Kvinna till Kvinna преку Националната мрежа – Здружението за еднакви можности Мрежа Стела и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари.

На 12.03.2024 г. организиравме координативен состанок со сите поддржани организацииво социјалниот простор „Комитет“. На состанокот разговаравме за текот на проектните активности, за динамиката на финансиското известување и за начините на кои би можеле да ја подобриме меѓусебната соработка. Сите четири проекти во својот фокус го имаат застапувањето за женските права пред локалните и националните државни органи, а три од четирите организации се стремат или веќе управуваат со свои советувалишни центри за жени жртви на насилство кои се трудат да ги стандардизираат и лиценцираат.

Програмата за субгрантирање цели да ги зајакне капацитетите за застапување и нудење услуги на локалните женски организации, кои, пак, треба да ѝ помогнат на Националната мрежа во застапувањето на локално ниво. Оваа програма се спроведува во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавен повик за суб-грантирање на женски граѓански организации Бр. 01/03/25

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жртви од насилство II“

Унапредување на услугите за жртвите на сексуално насилство и силување – прва средба на Работната група

На 13 март, се одржа првата средба на Работната група формирана од Министерството за здравство која ќе работи унапредување и имплементација на стандардната оперативна процедура

Јавен повик за истражувачки

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција за жени жртви на