Конкурс за вработување – Финансиски/а координатор/ка во Извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за вработување на Финансиски/а координатор/ка во Извршната канцеларија на определено време во период од 6 месеци (замена за породилно отсуство).

Кандидатите/ките треба да ги имаат следниве знаења и вештини:

  • Диплома за завршено високо образование;
  • Одлични вештини на информатичка технологија, особено познавање на програмата Excel;
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на финансии и администрација;
  • Познавање на процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори (ИПА проекти, Европска Унија, Европската Комисија итн.);
  • Одлични познавања на македонски и англиски јазик;
  • Развиени комуникациски вештини и вештини за тимско работење;
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.

За предност ќе се смета:

  • Претходно искуство во финансиско и административно работење на граѓански организации.

Опис на ангажманот:

Главните обврски на финансискиот/ата координатор/ка се исполнување на тековните задачи во делот на финансиското и административното работење и тоа:

  • водење на тековни финансиски состојби и спроведување на буџет;
  • подготовка и правење исплати на банкарски налози и средување на финансиската документација;
  • подготвување финансиски извештаи согласно барањата на донаторот;
  • комуникација и координација со надворешното сметководство и подготовка на потребни документи;
  • следење на сметководствените извештаи за расходите и приходите издадени од сметководство;
  • водење на процесот и процедурите за набавки на материјали и услуги;
  • поддршка во организирање обуки, настани, конференции и слично;
  • организирање на логистика за проектни активности;
  • водење на деловодник и администрирање на документи;
  • пополнување на ДДВ/ЕПФ обрасци за УЈП за проекти ослободени од ДДВ;
  • по потреба, спроведување и други задачи поврзани со финансиско-административното работење на организацијата согласно воспоставените внатрешни политики и регулативи.

Работно време: полно работно време, со физичко присуство во Извршната канцеларија на Националната мрежа.

Месечниот надоместок за позицијата Финансиска координаторка е 86.000 денари во бруто износ.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати/ки за објавениот конкурс потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и најмалку две препораки од претходни работодавачи.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за финансиски/а координатор/ка“ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk  најдоцна до 31-ви јануари 2026.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската

ЈАВЕН ПОВИК за превод и лектура на анализа

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува јавен повик за ангажирање фирма или индивидуални преведувачи/лектори за превод и лектура на анализа на