Конкурс за ангажирање Координаторка на Женски центар за поддршка – Битола

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Конкурс за ангажирање на Координаторка на Женски центар за поддршка – Битола:

Кандидатките треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

– универзитетска диплома од областа на социјална работа/ социјална политика или психологија;

– најмалку 2 години работно искуство со жени и деца жртви на насилство и семејно насилство;

– најмалку 2 години искуство во граѓански сектор;

– добро познавање на системот за социјална заштита;

– одлично познавање на македонски јазик;

– место на живеење Битола или околината;

 Предност ќе имаат кандидатките кои:

– имаат практично искуство во работа со жени жртви на насилство и семејно насилство (вклучително и деца);

– претходно искуство со работа во специјализиран сервис за жени жртви на насилство и семејно насилство;

– добро изградени организациски и комуникациски вештини;

– кандидатки кои се динамични и самоиницијативи;

–  работа со програми на Microsoft Office (word, excel, PowerPoint);

Опис на ангажманот:

  • Координирање на работата на Женски центар за поддршка – Битола: координација и организација на секојдневната работа на центарот, контакт со корисничките на услуги како и со останатите даватели на услуги во советувалиштето (социјална работничка, правна советничка, психолог- психотерапевт, кариерна советничка);
  • Прием и процена на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство: процена на социјален ризик, безбедносен ризик, ризик од бездомништво; процена индивидуални потреби за психосоцијална, правна и финансиска помош и поддршка;
  • Раководење со случаи на жртви на родово базирано и семејно насилство: креирање индивидуален план за работа, креирање и водење досие за секој случај, следење на случајот;
  • Советување за остварување социјални права;
  • Информирање за можностите за вработување, насоки и поврзување со агенцијата за вработување и програмите за вработување и до-обучување, помош и поддршка со подготовка на пропратни документи за вработување.
  • Придружба со надлежни институции, граѓански организации и слично.

Ангажманот предвидува работно време 09.00-17.00 секој работен ден, со физичко присуство во просториите на Женски центар за поддршка – Битола. Месечниот надоместок за оваа позиција ќе биде утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатките.  

Најдоцна до 21 Април 2025г. година заинтересираните кандидатки треба да достават:

– скенирана копија од дипломата за завршено образование

– кратка биографија

– најмалку една препорака од претходните работни места

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за Координаторка – Битола “ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk .

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската

ЈАВЕН ПОВИК за превод и лектура на анализа

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува јавен повик за ангажирање фирма или индивидуални преведувачи/лектори за превод и лектура на анализа на