Јавна расправа за предлог измените и дополнувањата на Кривичниот Законик

Денес, се одржа петтата седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на која единствена точка на дневен ред беше закажана јавна расправа за предложените измени и дополнувања на Кривичниот Законик.

Говорници на јавната расправа беа министерот за правда Бојан Маричиќ, извршната директорка од Центар за истражување и креирање на политики Марија Ристеска и Ана Аврамоска Нушкова, проектна координаторка и правна експертка од Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Расправата започна со презентирање на предложените измени од страна на Министерот за правда, а кои се во насока на усогласување на Кривичниот Законик со одредбите од Истанбулската Конвенција. Претставничката од Националната Мрежа ги презентираше предлог измените и дополнувања на Кривичниот Законик, подготвени од Националната мрежа и Платформата за родова еднаквост, во насока на унапредување на заштитата на жртвите на родово базирано и семејно насилство во кривично правната област.

На самата седница збор зеде и Академик Владо Камбовски беше дел од работната група која работеше на подготовка на измените и дополнувањата на КЗ, а кој се согласи дека дел од предложените измени и дополнувања претставени во документот подготвен од Националната Мрежа и Родовата Платформа се реални и потребни да се вметнат.

Документот подготвен од Националната мрежа и Платформата за родова еднаквост може да го најдете на овој линк.

Спроведувањето на оваа активност е во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“(The Kvinna till Kvina Fondation), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската