Јавен повик за суб-грантирање на женски граѓански организации Бр. 01/03/25

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жртви од насилство II“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства од Австриската развојна соработка, на датум 20.03.2025г. објавува:

Јавен повик за суб-грантирање на женски граѓански организации Бр. 01/03/25

Повикот за субгрантирање на женски граѓански организации бр. 01/03/25 е дел од активностите на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жртви од насилство II“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства од Австриската развојна соработка. Проектот е имплементиран од Центарот за развој на родова алијанса (GADC) како носител на проектот, а го спроведуваат седум партнерски организации од Западен Балкан: • Албанија: Мрежа за зајакнување на жените Албанки (AWEN) • Босна и Херцеговина: Фондација Обединети жени (FUW) • Косово: Косовска женска мрежа (KWN) • Црна Гора: Центар за женски права (WRC) • Србија: Автономен женски центар (AWC) и, во Северна Македонија: Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Проектот има за цел да обезбеди сеопфатен пристап до квалитетни услуги за жените жртви на родово базирано насилство (РНБ) во Западен Балкан во согласност со Истанбулската конвенција (ИК). Поточно, овој проект има за цел да ги постигне следните резултати:

Специфична цел на јавниот повик е да обезбеди финансиска и менторска поддршка за женски граѓански организации(ЖГО) од различни плански региони на С. Македонија преку доделување грантови за активности на локално ниво.

Проектите кои избраните грантисти ќе ги спроведат, треба директно да придонесат кон остварување на резултатите наведени во 1.1 Позадина на проектот, поточно треба да обезбедат подобар и поквалитетен пристап до специјализирани услуги за насилство врз жени и семејно насилство со што ќе овозможат подобра заштита и интеграција на жртви кон нивната автономност и независност од сторителите на насилство.

Кој може да аплицира?

Право на учество на јавниот повик имаат ЖГО регистрирани во Северна Македонија во согласност со Законот за здруженија и фондации кои работат на полето на родово базирано и семејно насилство насилство и/или родова еднаквост и човекови права. Особено се охрабруваат да аплицираат мали и грас-рут организации кои работат на локално ниво.

Грантовите ќе бидат доделени на ЖГО кои имаат валиден правен статус во државата.

За време на спроведувањето на проектите Националната мрежа ќе обезбеди менторство за сите избрани организации во текот целото времетраење на проектите, наменето за предложените активности во истите.

Поддржани активности

При дизајнирање на проектите, организациите апликанти треба да вклучат активности во проектните апликации според примерите подолу:

  • Обезбедување директни услуги за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство согласно ИК;
  • Зајакнување на капацитетите за обезбедување услуги во согласност со ИК и националното законодавство преку обезбедување минимални стандарди за даватели на услуги, лиценцирање на услугите и сл.;
  • Подготовка и доставување документи со препораки за унапредување на постоечката легислатива и/или нова секундарна легислатива (подзаконски акти, програми, протоколи, стратегии итн.) за институционализација, воспоставување и финансирање на услуги за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство до носителите на одлуки како локалната самоуправа, надлежните министерства и други тела и органи кои можат да придонесат кон усвојување на вакви документи (меѓународни тела, пратеници/пратенички, политички партии, координативни тела итн.);
  • Застапување со локални и национални институции и организации за усвојување на предложените документи со план за застапување;

Видовите активности што може да се поддржат со овој повик мора да бидат во согласност со целите и резултатите наведени во деловите 1.1 и 1.2. 

Буџет и временска рамка

Вкупниот индикативен износ што е достапен според овој повик за субгрантирање е 20.000 ЕУР. Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство го задржува правото да не ги додели сите расположливи средства.

Големина на грантовите: 5.000 ЕУР.

Со Образецот за аплицирање, апликантот мора да достави предлог буџет согласно Образецот за буџет достапен на јавниот повик. Образецот за буџет мора да биде соодветно пополнет согласно упатството дадено во истиот. Задолжително е потребно наративно објаснување за сите претставени трошоци во делот „наративен опис на трошокот“.

Времетраење на проектите е 12 месеци, односно Мај 2025 г. –  Април 2026г.

Останатите детали во однос на процесот на аплицирање на овој јавен повик се достапни во Водичот за апликанти.

Насоки за аплицирање и рокови:

Рок за поднесување на апликации е до 06.04.2025г. до 00.00 часот. Апликацијата со целосна документација треба да се испрати електронски на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk со назнака „Апликација за јавен повик бр. 01/03/25 АДА 2“.

Документите мора да имаат потпис и печат од одговорно лице во организацијата-апликант, и истите да се испратат во .pdf формат, и да бидат добро читливи. Апликантите можат да достават само една апликација во рамките на овој повик.

Документи за аплицирање за овој повик се следниве:

*Сите документи треба да бидат пополнети компјутерски и на македонски јазик, апликациите напишани рачно нема да бидат земени во предвид.

Прашањата поврзани со јавниот повик можете да ги испратите на balsha@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна 26.03.2025г. За сите прашања поврзани со повикот ќе се одржи инфо сесија на 27.03.2025г. во 14.00ч. преку онлајн платформата Google Meet – за организациите кои ќе покажат интерес за сесијата до 26.03.2025г.  

*Анекси на јавниот повик:


Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавна реакција: ОЈО Куманово да го преквалификува делото во случајот за Ванѓелица од Кратово

Платформата за родова еднаквост го следи судењето против 36-годишната Ванѓелица од Кратово, којашто е жртва на семејно насилство, а која Основнот јавно обвинителство ја гони

Регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE)

Во Сплит, Хрватска, од 9 до 11 април се одржа 26-та регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE), каде што се сретнаа претставнички од