Јавен повик за истражувачки

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција за жени жртви на насилство“ поддржан од Австриската агенција за развој (АДА) објавува Јавен повик за ангажирање:

  • 1 главна истражувачка и,
  • 2 помлади истражувачки  

за спроведување на истражување за цените на услугите поврзани со насилство врз жени и семејно насилство во Република Северна Македонија и Западен Балкан. Истражувањето има за цел да креира и предложи конкретни препораки за буџетите на надлежните институции за реалните трошоци поврзани со обезбедувањето услуги за справување со насилство врз жени и семејно насилство, во согласност со Истанбулската конвенција. Истражувањето треба да се спроведе во текот на 8 месеци, започнувајќи од 1-ви Април 2025г.

  1. Главна истражувачка

Клучните одговорности за главната истражувачка вклучуваат:

  • Присуство на работилница за методологија со истражувачкиот тим на 1ви-4ти април 2025г. во Албанија со покриени патни и трошоци за сместување (задолжително);
  • Разгледување и придонес за финализирање на постоечката нацрт-методологија врз основа на националните специфичности во С. Македонија, заедно со другите членови на истражувачкиот тим;
  • Спроведување квалитативно и квантитативно истражување за да се проценат трошоците за обезбедување услуги за справување со насилство врз жени и семејно насилство и постоечкиот државен буџет за такви трошоци, во соработка со регионален тим од Западен Балкан;
  • Подготовка на прв нацрт на извештајот, користејќи даден образец;
  • Ревидирање и финализирање на извештајот врз основа на повратни информации од водечката регионална истражувачка и проектната координаторка;
  • Учество на настан за промоција на извештајот во соработка со регионалната истражувачка и проектната координаторка;

Опис на ангажманот на главната истражувачка:

  • Предвиден максимален број на експертски денови е 64 во текот на  8 месеци. Точниот број на денови ќе се утврди по финално усвојување на методологијата.  

Апликантите за позицијата „главна истражувачка“ мора да ги поседуваат следните минимални квалификации, кои треба да бидат истакнати во нивните биографии и мотивациски писма:

  • Напредно разбирање на терминологијата и концептите кои се однесуваат на родовата еднаквост, насилство врз жени и семејно насилство;
  • Силни вештини за аналитичко и критичко размислување;
  • Најмалку 5 годишно истражувачко искуство, со приложена листа на спроведени истражувања со линк каде е достапно истражувањето;
  • Познавање и разбирање на државните буџети;
  • Одлични вештини за читање, зборување и пишување на македонски и англиски јазик.

За предност ќе се смета:

  • Знаење и искуство со статистиката;
  • Знаења поврзани со родово одговорно буџетирање;
  • Спроведени претходни истражувања на тема  насилство врз жени и семејно насилство;
  • Помлади истражувачки

Клучните одговорности за помладите истражувачки вклучуваат:

  • Присуство на работилница за методологија со истражувачкиот тим на 1ви-4ти април 2025г. во Албанија со покриени патни и трошоци за сместување (опционално);
  • Поддршка на главната истражувачка во спроведување на квантитативното и квалитативното истражување опишано погоре;
  • Прибирање и анализа на податоци за потребите на истражувањето;

Опис на ангажманот на помладите истражувачки:

  • Предвиден број на  експертски дена е 12 во текот на 6 месеци,  за секоја помлада истражувачка поединечно.

Апликантите за позицијата „помлада истражувачка“ мора да ги поседуваат следните минимални квалификации, кои треба да бидат истакнати во нивните биографии и мотивациски писма:

  • Основно разбирање на терминологијата и концептите кои се однесуваат на родовата еднаквост, насилство врз жени и семејно насилство;
  • Вештини за аналитичко и критичко размислување;
  • Најмалку 2 годишно истражувачко искуство, со приложена листа на  спроведените истражувања со линк каде е достапно истражувањето;
  • Познавање и разбирање на државните буџети;
  • Одлични вештини за читање, зборување и пишување на македонски и англиски јазик.

За предност ќе се смета:

  • Знаење и искуство со статистиката;
  • Знаења поврзани со родово одговорно буџетирање;
  • Спроведени претходни истражувања на тема  насилство врз жени и семејно насилство;

Заинтересираните лица треба да достават своја биографија и мотивациско писмо со објаснување за нивниот интерес и мотивација за овој ангажман, најдоцна до 24.03.2025г. на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk со назнака/предмет: „Јавен повик за истражувачки – трошоци за услуги за РБН и СН“, и да нагласат за која позиција изразуваат интерес.

ВАЖНО: Мотивациското писмо треба да содржи јасна финансиска понуда согласно барањата во овој повик, со паричен надоместок по сработен експертки ден од 8 часа во бруто износ во денари (МКД).

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавна реакција: ОЈО Куманово да го преквалификува делото во случајот за Ванѓелица од Кратово

Платформата за родова еднаквост го следи судењето против 36-годишната Ванѓелица од Кратово, којашто е жртва на семејно насилство, а која Основнот јавно обвинителство ја гони

Регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE)

Во Сплит, Хрватска, од 9 до 11 април се одржа 26-та регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE), каде што се сретнаа претставнички од