Јавен повик за ангажирање на Психолог/психотерапевтка во Женски центар за поддршка – Скопје на

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Јавен повик за ангажирање на Психолог/психотерапевтка во Женски центар за поддршка – Скопје на определено време во период од 1(една) година, со можност за продолжување. Ангажманот започнува на 01 Март 2025 година.

1. Кандидатките треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Диплома од завршено високо образование (дипломиран психолог)
  • Поминато најмалку 500 часа едукација по психотерапија
  • Помината обука за работа со жени и/или деца жртви на родово-базирано и семејно насилство
  • Изградени  вештини за информатичка технологија (Microsoft Office)
  • Одлични познавања на македонски и албански јазик
  • Самоиницијативност
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи

Како предност ќе се смета:

  • Искуство во директна работа со клиенти/ки
  • Нудење на психолошка помош на ранливи групи на граѓани

2.Опис на ангажманот: Ангажираната кандидатка ќе биде задолжена за обезбедување психолошка помош преку пружање на советување и поддршка на жени и деца жртви на насилство и семејно насилство. Ангажираната кандидатка ќе одржува индивидуални и групни сесии со корисниците на Женски центар за поддршка – Скопје, кои се жени и деца жртви на насилство и семејно насилство; ќе води евиденција за корисниците преку подготовка на кратки наративни извештаи согласно спроведените сесии и ќе подготвува месечни и квартални извештаи за дадените услуги и спроведените сесии; ќе учествува во состаноци со другите даватели на услуги и тимот на Извршната канцеларија, како и состаноци, настани и слично со надлежни институции и други организации согласно својата експертиза.

Најдоцна до 24 Февруари 2025г. година заинтересираните кандидатки треба да достават:

– скенирана копија од дипломата за завршено образование

– потврда за завршена едукација за психотерапија

– потврда за помината обука за родово- базирано и семејно насилство

– кратка биографија

–  Мотивациско писмо со Финансиска понуда за паричен надоместок по одржана сесија во бруто износ во денари (МКД) и времетраење на сесијата.

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Документите со назнака/предмет на пораката „Јавен повик за Психолог/психотерапевтка – Скопје“ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: balsha@glasprotivnasilstvo.org.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската

ЈАВЕН ПОВИК за превод и лектура на анализа

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува јавен повик за ангажирање фирма или индивидуални преведувачи/лектори за превод и лектура на анализа на