Јавен настан: Родова еднаквост како основа за општество без насилство

На 25 јуни 2025 година во Скопје се одржа значаен јавен настан под наслов „Родова еднаквост: Темелот за општество без насилство“, кој го отвори просторот за храбра и суштинска дискусија за вистинското значење на родовата еднаквост. Настанот привлече говорници и учесници од различни области – академија, медиуми, политика, граѓанскиот сектор – обединети во ставот дека борбата против родовата дискриминација мора да биде стратешки, системска и гласна.

Првиот панел „Полова ≠ Родова еднаквост: Каде згрешивме во разбирањето?“ се фокусираше на суштинската разлика меѓу биолошкиот пол и општествениот род, нагласувајќи дека нивното мешање во јавниот и институционален дискурс води кон конфузија, погрешни политики и маргинализација – особено кај транс и небинарни лица. Говорниците како Жарко Трајаноски, Сашка Цветковска, Назим Рашиди и Санела Шкриељ укажаа на потребата медиумите и политичарите одговорно да го користат поимот „род“ – не декларативно, туку како суштински концепт за градење праведни институции.

Вториот панел, „Невидлива економија, видлива неправда“, ја разгледа економската зависност на жените како инструментализирана форма на нееднаквост. Панелистите – Снешка Илиќ, Игор Јадровски и Елена Димушевска – говореа за тоа како културните норми и патријархалните политики го легитимираат ограничениот пристап до ресурси, образование и заштита, и како ова го отежнува излезот од насилни ситуации и го одржува кругот на сиромаштија.

Настанот беше простор за визија и анализа, но пред сè – за зајакнување на отпорот кон системски неправди. Благодарност до сите што учествуваа и придонесоа кон јавен дискурс кој не само што информира, туку и трансформира.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Јавен повик за ангажирање на Психолог/психотерапевтка во Женски центар за поддршка – Битола

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува Јавен повик за ангажирање на Психолог/психотерапевтка во Женски центар за поддршка – Битола. Ангажманот започнува на 10

Конкурс за вработување: Проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за вработување проектна координаторка за потребите на Извршната канцеларија, на определено време во период од 1