Физичка/спортска активност како клучен елемент за развој на децата

Човечкото тело има природна склоност кон движење и физичката активност има клучна улога во развојот на децата, и за физичкиото здравје како и за психичкиот развоен аспект. Физичкиот развој е неразделен дел од сите други развојни аспекти и придонесува дирекно за когнитивниот и емотивниот  развој на детето.

Со стимулирање на физичката активност, дали тоа ќе биде организирана спортска активност или слободна игра во природа (која се случува редовно) се развива за способноста за координација на телото и одржување на рамнотежата, свесноста за сопственото тело, свесност и разбирање за важноста на одржувањето  на сопственото здравје и благосостојба. Исто така децата ги запознаваат  своите способности и можности  за движења.

Физичките активност во основа ги подобрува вештините за кординација, контрола, манипулација и движење и тоа им помага на децата да стекнат самодоверба во она што можат да го прават и да им овозможи да ги почувствуваат позитивните придобивки – контрола на телесната тежина, издржливост, флексибилност и еластичност.


Во однос на психичкиот развој, се развива сликаа за себе, се забележува надминување на анксиозноста, срамежливоста, како и намалување на агресијата и зголемено ниво на толеранција, како и учење да се носат со успех/неуспех, како и прифаќање на пораз. Она што се совладува е контрола на емоциите, свесност и канализирање на емоциите на констукртивен начин, како и развивање на трпеливост и разбирање за тоа колку труд и време е потребно за да се развииват вештини и да се постигнат посакуваните резултати.
Мозокот на децата се развива преку движење, преку играта и кај децата се подобруваат вештините во учењето, исполнувањето на целите, како почитувањето на дисциплината.

Ангажирањето на детето во организирана спортска активност, во соодветно опкружување, во границите што ги носи телото воопшто, ќе делува како заштитен фактор против главните болести кои имаат како фактор седечка појава: кардиоваскуларни болести, дијабетес, прекумерна тежина, патологии на зглобовите, искривување на ‘рбетот. Децата кои играле структурирани, тимски  спортови покажале многу подобар фокус и концентрација во учењето. Она што е специфично во спортската средина е чувството за припаѓање во група која споделува иста цел. Ова им помага на децата да ја разберат важноста за почитување на правила и ценење на одговорноста.

Исто така значајна е и слободната игра во природа, ги намалува симптомите на хиперактивноста, ги подобрува когнитивните функции и ја зголемува отпорноста на стрес и депресијата. За новите генерации играта во природа е намалена и заменета со игра во виртуелниот свет, каде што движењето на целото тело е заменето со движење само на две прсти. Одењето во природа и слободната физичка активност е бесплатно, се што е потребно е свесност за значењето на создавање ваква рутина, која значително ќе влијае врз физичкиот, когнитивниот и емотивниот развојот на детето,како и на атмосферата во домот.

Негувањето на физичката култура, подразбира и воведување на физички активности во домот, како утринска гимнастика, истегнување, танцување, фитнес/кардио вежби, за кои не се потребни специјални услови, само добра волја,  одвојување десет до дваесет минути во денот, при што може да учествуваат сите или барем двајца членови од семејството.


Значајно е да се има на ум дека детето во зависност од интересот и можностите, околностите и возраста,  може да го менува интересот, може да сака да испробува и по неколку различни спортови. Бидете трпеливи и охрабрете го детето во експериментирањето се додека не го пронајде спортот кој со задоволство ќе го практикува, каде ќе се чувствува исполнето и природно ќе остане подолго време во истиот. Споредно е кој спорт моментално е во фокус на интересот, она што е значајно е поттикнувањето на моторното, когнитивното, социјалното и емоционалното созревање, и развивањето на снаоѓање во проблем ситуации. Во современото живеење  се поголема е автоматизираноста, физичката активност е се помала, и се налага потребата за правилно воспитување во физичката култура, и создавање на навики за системска активност во текот на целиот живот.

Пишува: Ирена Жунгулова,
психолог и психотерапевт,
операторка на Линијата за родители
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости