Едукативни работилници за студенти на тема: Родово-базирано и семејно насилство

Тимот на Националната мрежа, во соработка со Меѓународниот Балкански Универзитет (International Balkan University-IBU) и Меѓународен Славјански Универзитет (International Slavic University), одржа неколку едукативни работилници со студентите од овие универзитети.

На 26-ти Април 2023г. се одржа првата работилница во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе, каде учесниците се запознаа со различните форми на насилство, како да го препознаат и како да се справат со насилството, но и какви последици насилството остава кај жртвите. Работилницата ја водеше Елена Димушевска, Извршна директорка на Националната мрежа, заедно со доц. Д-р Милена Спасовска, професорка на Факултетот за психологија при МСУ.

На 3-ти мај 2023г. на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола, Ана Аврамоска Нушкова, проектна координаторка во Националната мрежа заедно со доц. д-р Марија Гроздановска, продекан на Факултетот за правни науки одржаа работилница на тема „Заштита на жртвите на родово базирано насилство во Р. Северна Македонија“. Работилницата имаше за цел да ги запознае присутните со родово-базираното и семејното насилство, формите во кои тоа се појавува, како и неговото спречување. Клучен акцент на работилницата беше ставен на важноста од препознавање на насилството, неговата динамика и последиците, како и поддршката на жените жртви на родово-базирано и семејно насилство.

На 8-ми Мај 2023г. беше одржана и третата работилница со студентите од Правниот Факултет на Интернационалниот Балкански Универзитет, која ја водеше Ана Аврамоска Нушкова. Предавањето се одржа во рамките на предметот Семејно и наследно право кој го предава проф. Д-р Билјана Чавкоска. Студентите се запознаа со законските процедури и националната легислатива поврзана со родово-базирано и семејно насилство, особено измените на Кривичниот законик, како многу факти од секојдневното постапување со родово-базирано и семејното насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости