Дали насилството врз жени е приоритет на националните институции?

На 19-ти Декември 2023г. под насловот „Дали насилството врз жени и деца е приоритет на националните институции?“, се одржа настан за промоција на придонесот кон Извештајот за Универзалниот периодичен преглед (УПП) за насилство врз жени и деца. Дополнително се презентираа и наодите на Сумарниот извештај од мониторинг на Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската конвенција (2018-2023), како и тематскиот извештај со наслов „Семејното насилство како индикатор за детско престапништво“.

Експертките кои ги презентираа извештаите истакнаа загрижувачки факти за состојбата со насилство врз жени и деца. Од презентираните наоди, беше јасно дека државата не го смета ова прашање како приоритетно, и има повеќе предизвици кои треба да се решат во најскоро време.

Придонесот кон Извештајот за УПП го презентираше Елена Димушевска, која го изработи самиот извештај, а дополнително подготви и документ кој подетално се осврна на прашањата за насилство врз жени во С. Македонија. Се работи за дополнителен и опширен поднесок кон Универзалниот периодичен преглед за Северна Македонија, кој беше поднесен заедно со Advocates for Human Rights. Поднесокот може да се прочита на следниот линк.

Оваа активност се спроведе со поддршка на Институт за европска политика (ЕПИ) како дел од шемата за регрантирање „Човековите права во практиката“.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Јавен повик за суб-грантирање на женски граѓански организации Бр. 01/03/25

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција на жртви од насилство II“

Унапредување на услугите за жртвите на сексуално насилство и силување – прва средба на Работната група

На 13 март, се одржа првата средба на Работната група формирана од Министерството за здравство која ќе работи унапредување и имплементација на стандардната оперативна процедура

Јавен повик за истражувачки

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и реинтеграција за жени жртви на