Бизнис секторот се вклучува во поддршка на Женски центар за поддршка – Скопје

На 31 март беше потпишан договор за финансиска поддршка со компанијата Mozzart, со што се обезбеди поддршка за Женски центар за поддршка – Скопје. Со овој договор Женскиот центар ќе биде поддржан во следните 6 месеци, со вкупна сума во износ од 6.000 ЕУР во денарска противвредност.

Родово базираното и семејно насилство се општествен проблем, и поради тоа одговорноста за спречување и заштита на жените и децата од насилство е на целото општество. Во ситуација кога државата не обезбедува доволно поддршка за специјализирани услуги за помош и поддршка на  жртвите на родово базирано и семејно насилство раководени од граѓанските организации,  а всушност тие се единствените кои пружаат квалитетни и сеопфатни услуги, повеќе од важно е бизнис секторот да се вклучи и да даде свој придонес за обезбедувањето одржливост и непречено функционирање на овие сервиси.

Извршната директорка на Националната мрежа, Елена Димушевска, при потпишувањето на договорот, изјави:

„Сакам да ја изразам мојата огромна благодарност до Mozzart за поддршката која ја обезбедија за советувалиштето за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Предизвиците да го осигуриме работењето на центарот се многу големи, особено поради недостатокот на финансиска поддршка од државата за ваков тип на сервиси кои се раководени од граѓански организации. Вклучувањето на бизнис секторот е од клучна важност, а Mozzart ја препозна важноста од постоење на овие сервиси и обезбедија директна финансиска помош кога тоа ни беше најмногу потребно“.

Ги охрабруваме и другите општествено одговорни компании да дадат поддршка на борбата против насилство врз жени и деца, и со тоа да придонесат кон живот без насилство за голем број жени и деца во нашата држава.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Донација од Халкбанк: Сите средства собрани на модната ревија „Фустани со џебови“ се донирани во Интервентниот женски фонд

Халкбанк, банката што стои зад „Фустани со џебови“‒креативната кампања целосно посветена на поддршка на жените, ги донираше сите средства што се собраа на аукцијата одржана

Повик за ангажирање лице за изработка Програма за развој и обезбедување на одржливост на специјализирани услуги за помош и поддршка на жени жртви на родово базирано и семејно насилство во Тиквешкиот регион

Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци, во рамки на проектот ,,Застапување за обезбедување на адекватна помош и поддршка на жени жртви на насилство и семејно