„Кога мојата ќерка се лути, често станува агресивна. Ја удира својата сестра, се кара со мене, шутира и фрла играјки наоколу, и, воопшто е лошо расположена. Дури и нејзината учителка се жали на нејзиното брзо губење трпение. Што може да се направи со детето кога е луто?“
Сфатете го своето дете, себеси и ситуацијата
Бесот е чувство кое се појавува кога не може да го добиете она што го сакате или кога сте беспомошни во одредена ситуација. Исто така е маска за повредени чувства. Децата кои изгледаат бесно, ги изнервирале родителите, другите деца, самите себеси, но и другите луѓе кои се лути на нив. Мислат дека никој не обрнува внимание на нив, ниту води сметка за нивните потреби. Децата обично имаат добра причина да бидат лути, дури и ако не знаат која е причината. Ако постојано им наредувате и ги контролирате, а немаат друг избор – веројатноста е голема дека ќе бидат лути. Децата, пак, коишто се презаштитени обично чувствуваат бес. Доколку возрасните ги злоставуваат, било физички, било вербално, тие ќе бидат лути. Во случаи кога детето го покажува својот бес, види дека родителот реагира со агресија, и тоа ќе го направи истото. На појавата на бес и на агресија кај децата, родителите вообичаено реагираат на тој начин што се обидуваат да воспоставаат поголема контрола и заплашување, влошувајќи ја на таков начин самата ситуација. Доколку сте бесни и вие и вашето дете, можеби дошло до конфликт при воспоставувањето на моќта и затоа е важно да се прекине тој натпревар ‘кој е помоќен’, a да се поработи на градење соработка.
Предлози:
- Прифатете ги чувствата кај своето дете: „Навистина си лут/а? Сосема е во ред да чувствуваш бес, но ќе можеш ли да ми кажеш со зборови кој те налутил, наместо со постапки?“ Причекајте детето да одговори и сослушајте го со внимателност и со интерес, наместо да му кажете: „Не би требало да бидеш лут.“
- Понекогаш децата не можат да ги препознаат своите чувства на вознемиреност. Во таков случај, кажете му на детето дека е во ред малку да почека, па да разговара со вас кога е спремно.
- На своето дете можете да му помогнете да се смири така што ќе се обидете да откриете (на пример со погодување) што е тоа што го сака и да му помогнете истото да го добие, како на пример во следната ситуација: „Лут/а си затоа што твојата сестра оди подоцна на спиење, а и ти го сакаш истото. Кога ќе бидеш и ти на нејзина возраст и ти ќе можеш подоцна да легнуваш.“
- Не заземајте страна кога вашите деца се караат, затоа што тоа е еден од примарните начини за прекинување на бесот кај децата. Наместо тоа, третирајте ги подеднакво и кажете им: „Деца, гледам дека имате проблем ова да го решите. Обидете се малку подоцна да го решите или завршете ја караницата на некое друго место, или разрешете го тоа сега на лице место, но јас нема да заземам ничија страна.“
- Доколку вашите деца започнуваат кавга, оставете ги нивната да биде последна или прегрнете ги наместо да се карате со нив. Прашајте ги што мислат и не им кажувајте вие што треба да направат. Кога ќе го промените текот на конфликтот на моќта, застанете и речете: Не би сакала да ве контролирам, но би ја ценела вашата помош. Ајде да видиме кое решение можеме да го најдеме откако ќе се смириме.“
- Ако вашето дете повредува други со своето агресивно однесување, дајте му до знаење дека разбирате доколку е можеби повредено или вознемирено поради нешто, но не му дозволувајте да ги повредува другите. Можете да му го кажете следното: „Те сакам. Побарај ме кога ќе бидеш спремен/на да разговараш“, а потоа одете. Ако на децата им е потребно да седнат и да поразговараат, седнете и вие со нив.
- Избегнувајте да реагирате на агресијата со агресија, затоа што тоа може да доведе со конфликт и натпревар на моќта, а со тоа создавање спротивен модел од оној кон којшто сакате вашето дете да се насочува.
Децата можат да научат дека постои разлика помеѓу тоа што го чувствуваат, од она што го прават, односно како се однесуваат и постапуваат, т.е. дека е во ред да чувствуваат бес, но не е во ред да се повредуваат другите и да се покажува непочитување.
Децата можат да научат дека имаат моќ и контрола врз себеси и својот живот. Никој не би сакал да се чувствува беспомошно, а децата сакаат да знаат на кој начин можат да придонесат и да бидат успешни, а притоа да не се караат и да не влегуваат во конфликти за своите потреби.