„Важноста на родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња” – серија панел дискусии во повеќе градови низ државата

Во текот на Ноември и Декември Националната мрежа организираше 3 панел-дискусии во 3 градови, кои се дел од серија вакви настани кои продолжуваат во 2025г. низ државата. Настаните на тема „Важноста на родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња” се одржаа на 27-ми Ноември 2024г. во Кичево, 29-ти Ноември 2024г.во Скопје и 05-ти Декември 2024г. во Гостивар.

Концептот на овие панел-дискусии е фокусиран на различните аспекти на родовата еднаквост и како тие влијаат врз родово базираното и семејното насилство. Поради тоа, самите панели имаа повеќе говорнички кои зборуваат за одреден аспект кој е во нивната експертиза. Па така, панелистки беа: Ана Бојчевска Митреска и Ирина Јолевска (Реактор) кои зборуваа за родовиот јаз во плати, Уранија Пировска (Хелсиншки комитет) која зборуваше за работничките права на жените, Лилјана Јоноски (Рурална коалиција) и Билјана Петровска Митревска (Национална федерација на фармери) зборуваа за предизвиците на руралните жени, Александра Иловска (Паблик) и Климентина Илиевски (Паблик) кои зборуваа за социјалното менторство и економското јакнење на ранливи жени, Билјана Дуковска (Македонска платформа против сиромаштија) ја опфати темата на женска сиромаштија, и Ана Аврамоска Нушкова и Елена Димушевска од Националната мрежа кои зборуваат за родово базираното насилство и родовата еднаквост.

Настаните беа посетени од локалните институции и организации, како граѓаните, каде се развија плодни дискусии по овие прашања што укажува на тоа дека локално многу малку се организираат вакви настани каде може да се споделат и чујат мислења и информации за родовата еднаквост.

Овие активности  се дел од регионалниот проект „Во одбрана на правото да бидам ЈАС“ што се спроведува во Северна Македонија и Косово, финансиран од француското Министерство за Европа и надворешни работи.

Фотографии од панел-дискусија во Кичево (27.11.2024г.)

Фотографии од панел-дискусија во Скопје (29.11.2024г.)

Фотографии од панел-дискусија во Гостивар (05.12.2024г.)

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската