Едукативни работилници со студентките од Тетово

Во текот на Март, Април и Мај 2022г. во просториите на Женски центар за поддршка – Тетово беа одржани 10 едукативни работилници со 12 студентки од Државниот Универзитет во Тетово. Работилниците ги водеа Моника Чекаловиќ, социјална работничка во Женскиот центар и Небахат Имери, психолог во центарот.

Студентките имаа  можност да се едуцираат на следниве теми:

  • Што е родово базирано и семејно насилство, кои се формите на насилство;
  • Циклус за Семејно и интимно партнерско насилство;
  • Сајбер насилство;
  • Тинејџерски насилни врски, сексуално насилство и силување;
  • Патријархално општество, традиција, култура и насилство врз жените;
  • Митови и факти, и црвени знаци/аларми на насилство;
  • Последици од родово базирано и семејно насилство (Изложеност на децата на семејно насилство);
  • Механизми на заштита  (релевантни институции, каде може да се пријави, што се случува по пријавувањето, кои се специјализирани услуги за помош и поддршка на жртви);
  • Превенција од родово базирано и семејно насилство;
  • Грижа за себе (Self Care).

Целта на работилниците беше едукација на студентките за тоа како да препознаат насилство и како да се заштита од истото, но и каде и како да побараат помош или да упатат нивни пријателки или членови на семејството на кои им е потребна помош.

По завршување на работилниците, сите учеснички добија потврди за нивното учество, по што самите предложија иницијатива за промоција на Женскиот центар за поддршка – Тетово. Имено, во центарот на Тетово студентките ги информираа граѓаните за услугите и работата на центарот и поделија информативни материјали на оние кои беа заинтересирани.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Отворено писмо на Платформата за родова еднаквост до Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Платформата за родова еднаквост упатува честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор и новиот мандат на Претседателка на Република Северна Македонија. Сиљановска-Давкова е првата жена