Обуки за патронажни сестри поврзани со родово базирано насилство

Во месец јули и август во организација на Националното Здружение на Медицински Сестри, Техничари и Акушерки  се одржаа вкупно 4 дводневни обуки за патронажни сестри, на кои една од темите беше родово базирано насилство – форми и систем на заштита. Целта на овој дел од обуките беше патронажните сестри да ги зголемат знаењата за формите на родово базирано и семејно насилство, како да го препознаат, каде да пријават/упатат и како да ја поддржат жртвата во рамки на своите надлежности и можности.

По покана на претседателката на здружението, обучувачки на овие обуки беа претставнички од тимот на Националната мрежа.

Учесничките се едуцираа за видовите на насилство кои жртвите ги трпат во домот, кои можат да бидат лесно видливи, но можат и да бидат прикриени и тешко препознатливи и беа запознаени со законската регулатива, како и кои се нивните обврски за дејствување во случај на препознаено насилство во домот.  Преку работење на практични примери и преку играње на улоги се стекнаа и со меки вештини со цел остварување на комуникација со жртви, потенцијални жртви и сторители, со особен акцент на деца, жени, постари лица. Учесничките ги унапредува и своите знаења и информираност за постоечките механизми за заштита и специјализирани сервиси раководени од граѓански организации кои им стојат на располагање за консултации, пријавување на насилство, или лична заштита во случај на пријавување на насилство.

Обуките придонесоа и кон подобро запознавање на тимовите од двете организации, и отворија можност за идна соработка и партнерство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската