Работилница за зајакнување на меѓусекторска соработка на институциите при постапувањето со жени жртви на насилство во Североисточниот регион

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во соработка со Хуманитарно Здружение „Мајка“ и Здружението „Национален Ромски Центар“ одржа дводневна работилница (1ви и 2ри Март), со претставници од Центрите за социјална работа во Североисточен регион, претставници на СВР Куманово и Крива Паланка и претставници од Општа Болница Куманово со цел зајакнување на меѓусекторската соработка при нивното постапување на терен со случаите на жени жртви на родово базирано и семејно насилство.

Учесниците ги споделија искуствата, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат и имаа можност да се запознаат со формите на насилство и услугите за помош, поддршка и реинтеграција на жените жртви на насилство.

Оваа активност се спроведува во рамките на „Институционализирање на квалитет услуги за рехабилитација и реинтеграција на жени жртви на насилство “, поддржан од австриската Агенција за развој (АДА) кој го спроведува Здружението „Мајка“ и „Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство“ кој го спроведува Националниот ромски центар со поддршка на The Kvinna till Kvinna Foundation.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Отворено писмо на Платформата за родова еднаквост до Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Платформата за родова еднаквост упатува честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор и новиот мандат на Претседателка на Република Северна Македонија. Сиљановска-Давкова е првата жена