Обука за претставнички на женски граѓански организации на тема “Застапување на ЖГОи на локално ниво-подготовка на алатки за застапување“

Со цел добивање на конкретни информации за потребите на локалните женски организации, Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во 2021 година спроведе проценка на постоечките капацитети на локалните женски организации која што ги опфати просторните, техничките и човечките капацитети, како и капацитети за финансиско и целокупно водење на проекти. Дополнително, се направи и процена на капацитети за постоечките вештини и знаења за застапување, како и обезбедување услуги за поддршка на жени и деца жртви на насилство од страна на локалните женски организации односно специфичните потреби на организациите за воспоставување и раководење со специјализирани услуги за жени жртви на насилство и нивните деца, како и процена на нивното познавање на стандардите за специјализирани услуги.

Врз основа на направената проценка со цел зајакнување на организациските капацитети, стратешко планирање активности и аплицирање за средства, како и  подобрување на  вештините за застапување преку спроведување заеднички акции за застапување и учење на позитивните аспекти на застапувањето засновано на аргументи, беше одржана третата тродневна обука од 28-ми до 30-ти јуни 2022 година во хотел Романтик Велес на тема “Застапување на женски граѓански организациии на локално ниво-подготовка на алатки за застапување“ со претставнички од женски граѓански организации од Кризен центар Надеж, Женска Акција-Радовиш, ЗРЕ Визија-Кавадарци, ЖГИ Клеа-Битола, Х.З Мајка-Куманово, Граѓанска иницијатива на жени-Свети Николе, Организација на жени од Свети Николе, Семпер Битола, Кортекст Тетово, Национален Ромски Центар и Организација на жени Велес.

На обуката беа опфатени теми за видови и концепти на застапувањето, чекори во процесот на застапување и практични вежби на кои се започна да се подготвуваат алатки за застапување од веќе спроведени анализа и истражувања.

Оваа обука е трета од обуките за зајакнување на капацитетите на локалните женски организации планирани во рамките на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија“ ,финансирана од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvina Fondation), а имплантиран од Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство..

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости