Собрани 139.000 денари за Интервентниот Женски Фонд на овогодишниот Донаторски кружок

Нашата организација беше дел од овогодинешниот, трет по ред Донаторски Кружок кој се одржа на 9 јуни 2022г. Оваа година освен нашата организација на Донаторскиот кружок се претставија и Здружението за култура и уметност „Колектив Ветерница“ како и Центар за младински активизам „Крик“.

Од срце им бладодариме на организаторите на Донаторскиот кружок, Здружението на граѓани „Конект“ кои оваа година ja избраа нашата организација да биде дел од овој настан и овозможија да се соберат средства во износ од 139.000, денари коишто се наменети за корисничките на Женскиот Интервентен Фонд.

Им благодариме и на оние коишто донираа и на тој начин помогнаа поголем број на жени да имаат можност да ја напуштат насилната средина.

Настанот се организира во рамки на проектот „Партнерства за донирање“ спроведуван од Здружението на граѓани „Конект“ а поддржан од Канцеларијата на „УСАИД“ во Република Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската