50 години Институт за Психологија

Од 3ти до 5-ти Јуни на Филозофскиот факултет во Скопје, се одржа Меѓународна научна конференција под наслов „Нови хоризонти во психолошката наука и практика“, по повод 50 години постоење на Институтот за Психологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Извршната директорка на Националната мрежа, Елена Димушевска, беше една од говорничките на првиот ден во сесијата „Добросостојбата и менталното здравје на деца и адолесценти. Во своето излагање Димушевска ги претстави наодите и препораките на Мапирањето на постоечки услуги за грижа за менталното здравје на деца, адолесценти и млади луѓе во Северна Македонија. Ова истражување беше изработено во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ и опфаќа детален преглед на социјалните услуги наменети за деца и адолесценти во Северна Македонија, со посебен осврт на менталното здравје и психосоцијалната поддршка за деца и адолесценти.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Конкурс за вработување – Финансиски/а координатор/ка во Извршната канцеларија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за вработување на Финансиски/а координатор/ка во Извршната канцеларија на определено време во период од 2 (две)