13-то годишно Собрание на Мрежата

На 27ми Мај 2024г. се одржа 13-тото годишно Собрание на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. На истото присуствуваа претставнички од 15 организации членки од вкупно 21 членка.  

Во воведниот дел, Извршната директорка Елена Димушевска даде генерален осврт на досегашната работа на Мрежа и целокупната ситуација во државата со посебен акцент на изборите и пост изборните резултати. По ова, беа презентирани наративниот и финансискиот извештај за 2023г., како и спроведените проекти и активности, но и тековните проекти во 2024г.

По усвојувањето на извештаите, Ана Аврамоска Нушкова го презентираше новиот Правилник за работни односи кој се однесува на ангажираните и вработени лица во Извршната канцеларија на Мрежата. Посебно внимание се посвети на одредбите за заштита од корупција кои бараат дополнително ангажмани за дел од членките на Собранието како и Управниот одбор на Мрежата.  Дополнително повторно беше презентиран Правилникот за заштита од сексуално вознемирување на деца и други клиенти, со препорака до организациите кои немаат ваков правилник а работат на директна помош и поддршка на жени и деца жртви на насилство да го изработат и усвојат во нивните внатрешни политики.

На крајот од ова Собрание се разви дискусија во однос на јакнењето на женските граѓански организации со посебен фокус на локално ниво, како и потребата од формирање посебен Фонд кој финансиски ќе им помага на граѓанските организации кои раководат со специјализирани сервиси. Целта на фондот би била да се обезбеди постојаност на услугите, како и финансиска стабилност и одржливост на самите сервиси.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската