04.11.2020: ПОВИК за суб-грантирање на партнерски организации кои работат на прашањето на насилство врз жени и семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство како партнерска организација на Автономен Женски центар – Србија, а со финансиска поддршка од Австриска агенција за развој (Austrian Development Agency), во рамките на проектот  ,,Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство” на датум 04.11.2020г. објавува:

ПОВИК

за суб-грантирање на партнерски организации кои работат на прашањето на насилство врз жени и семејно насилство

КОЈА Е ЦЕЛТА НА ПОВИКОТ?

Целта на повикот е јакнење на женските граѓански организации (ЖГО) кои работат во областа на насилство врз жени и семејно насилство, и/или правата на жената и човекови права, преку доделување грантови за спроведување активности на локално ниво. Поконкретно, со проектите кои ќе се спроведат преку овој повик ќе се зајакнат капацитетите на ЖГО за следење на постапувањето на релевантните институции на локално ниво при случаи на насилство врз жени и застапување за унапредување на системот за помош и поддршка на жените жртви од насилство кои ја напуштиле насилната средина.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

Право на учество на повикот имаат граѓански организации кои се регистрирани во Р. Северна Македонија согласно Законот за здруженија и фондации кои работат во областа на насилство врз жени и семејно насилство, и/или правата на жената и човекови права. Предност ќе имаат организациите членки на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство кои се лоцирани и/или спроведуваат активности надвор од Скопје, мали и грас-рут организации кои работат на локално ниво.

НАСОКИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Рок за поднесување на апликации е до 16.11.2020г. до 17.00 часот. Апликацијата со целосна документација треба да се испрати електронски на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

Документите мора да имаат потпис и печат од одговорно лице во организацијата-апликант, и истите да се испратат во .pdf формат, и да бидат добро читливи. Апликантите можат да достават само една апликација во рамките на овој повик.

Прашањата поврзани со повикот можете да ги испратите на balsha@glasprotivnasilstvo.org.mk или на телефон: 077/750-007 најдоцна 12.11.2020г.

Изјавата на апликантот е достапна тука.

Образецот за аплицирање е достапен тука.

Водичот за апликанти е достапен тука.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската