Зошто континуирано потфрла системот за заштита од семејно насилство?

Во изјава за Локално.мк Ана Аврамоска Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, нагласува дека трагичните случаи на семејно насилство не треба да се гледаат како изолирани инциденти, туку како знак дека системот има сериозни слабости во заштитата на жртвите. Според неа, потребно е темелно и независно да се испита како постапувале институциите – полицијата, центрите за социјална работа, обвинителството и другите служби – и доколку се утврдат пропусти, да се утврди индивидуална одговорност.

Таа истакнува дека законска рамка постои, но проблемот е што мерките не се применуваат доволно ефикасно во пракса. Посебно слаб дел од системот е проценката на ризик и навременото реагирање, бидејќи предупредувачките знаци како демнење, претходни пријави или ескалација на насилството често не се сфаќаат сериозно или институциите не комуницираат навреме меѓусебно.

Според неа, токму овие пропусти во координацијата и раната проценка на ризикот можат да доведат до трагични исходи, па затоа системот мора да ги преиспита механизмите за заштита и реакција.

Целата статија може да се прочита на lokalno.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската

ЈАВЕН ПОВИК за превод и лектура на анализа

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува јавен повик за ангажирање фирма или индивидуални преведувачи/лектори за превод и лектура на анализа на