Зошто е важно родителите да имаат разбирање за сексуалниот развој кај тинејџерите?

Не е едноставно, за никоја генерација на родители, адекватно да разговара со своите тинејџерите во врска со нивното полово созревање, родова определба, сексуален и релацискиот развој. Секоја нова генерација тинејџери, во зависност од контекстот во кој се наоѓаат, во зависност со развојните задачи со кои се соочуват, во зависност од капацитетите лични, но и од релациите во семејството, во зависност од моделите на воспитување и искуствата кои ги надминале или ги надминуваат, носи свои предизвици и нови откритија. Моделот на воспитување кој ние како генерација на родители го познаваме низ нашето личното искуство на созревање не може директно да се отслика како соодветен модел за воспитување и комуникација на тинејџерите, нашите деца.

Сексуалниот развој кај тинејџерите е силно општествено условен феномен кој најчесто се избегнува или се држи многу тајновито и магловито. Таа е силно емоционално обременета тема која предизвикува од нелагодност до страв и срам.  Од друга страна, сексуалниот развој кај тинејџерите е многу неопходен и природен аспект на целокупниот развој на индивидуата. Сексуалната енергија е и енергија на задоволството и животот. Начинот на кој се грижиме за неа влијае како ќе се однесуваме кон себе и другите.  Секое нагласено поттиснување, морализирање и недозволување да се исполи, значи и одредено ограничување на психичките капацитети за раст, развој и задоволство од животот генерално. Ова посебно се однесува на тинејџерите, затоа што тие сеуште се единки во развој и немаат изградено капацитети за целосно да го разберат светот, неговите можности и ограничувања.

Тинејџерството претставува период во развојот на детето каде постои видливо полово созревање. Тоа период кој води кон автономија, осамостојување и идентификација кај единката во одреден општествен и релациски контекст. Денес, овој период започнува уште на 9 години, и е наречен претпубертет. Тоа е периодот на првите промени во расположение, промени на телото и физичкиот изглед, флуктуации во емоционалното однесување, промени во социјализацијата, појава на привлечност и интерес за сопственото тело како сексуално, откривање на изворите на автозадоволство, појава на повлекување, интимност и приватност, сексуална игра, контакт и градење на релации со другите. Тинејџерството е периодот кој обезбедува целосно полово созревање, и започнува околу 11/12 години до 16 год. Адолесценцијата го вклучува тинејџерството, сепак и после целосното полово созревање на детето, потребни се комплетирање на останатите процеси на осамостојување на младиот во фаза на млад возрасен. Таа завршува околу 19 год. иако и таа возрасна граница се зголемува. Во овој период, младиот ги редефинира постоечките врски, гради нови, се открива себе си, се позиционира во поширокото општствено поле, превзема одговорност и нови улоги. 

Кога станува збор за сексуалното однесување на тинејџерите и адолесцентите, забележливи се два вида на однесување: автоеротично и социосексуално однесување. Автоеротичното подразбира развој или вклученост со цел истражување на сопствената сексуалност и задоволство, од фантазии до мастурбации, а социосексуалното однесување подразбира вклучување во различни сексуално-стимулативни активности со друга личност и доживување на задоволство во релација со другиот. Првиот сексуален контакт или активност типично се појавува на 16-17 години, но можно е да постои и порана појавност на сексуалната активност уште од 14-15 годишна возраст. Најчесто раната сексуална активност е она што ги вознемирува родителите и може да симптом на одредени дисфункционални односи,  разидувања или трауматични случувања во семејството.   

Она што е нормално во сексуалниот развој многу зависи од значењата што ги носи општествената припадност и културолошката или идеолошката матрица на родителите и семејствата.  И многу честопати и денес се водат дискусии или пак се проблематизираат или патологизираат одредени сексуални однесувања со цел да се разберат или пак да се санкционираат. Лично и професионално, дискусијата и разбирањето има поголема моќ на поврзување од патологизирањето и санкционирањето.   

Сепак, постојат одредени сексуални однесувања на оваа возраст кои се неадекватни и посочуваат на одредена злоупотреба или можна трауматизација, како што се:

  • Кога однесувањата на тинејџерот ја нарушуваат приватноста на друг тинејџер без притоа да чувствува дека е тоа така. На пример кога во училиште едно или повеќе тинејџери ги допираат другите деца за градите,  гениталиите или други интимни делови од телото во јавен или затворен простор (од еднократно до повеќекратно повторување)
  • Кога контактот вклучува закани, сила и агресија базирана на тоа како другиот изгледа, нагласувајќи некои делови од телото како погрешни, или користејќи етикети во директен контакт или во онлајн средина (пр. педерче, курвичка, правење на мемиња со многу навредлива содржина, исмејување преку вибер групи или на социјални мрежи)
  • Кога постои голема разлика во сексуалната игра, на пример постои сексуална игра помеѓу тинејџер 11 години (или полнолетно дете) и дете од 4 години, или тинејџер 11 год. и тинејџер 16 год.
  • Која сексуалната игра вклучува принуда и насилство без разлика што тинејџерите се иста возраст.
  • Кога постои сексуална траума, која се препознава преку силни емоционални реакции, уплашеност, повлеченост, отсутност или замрзнатост на реакцијата кај детето во навидум нормални ситуации, или во регуларен контакт.

Автор: Радмила Живановиќ, лиценциран психолог и европски акредитиран психотерапевт
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Загрижувачки наоди на последниот Извештај на Европската комисија за Р. Северна Македонија (2023) во делот за фундаментални права

Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија, објавен на 8-ми Ноември 2023г., содржи низа загрижувачки наоди во повеќето поглавја. Особено важни се наодите и