Зошто е важна реинтеграцијата и рехабилитацијата на жени жртви на насилство?

Реинтеграцијата и рехабилитацијата ана жени жртви на насилство кои ја напуштиле насилната средина е клучен процес кој го комплетира систем на заштита од родово базирано и семејно насилство. Имено, откако на жената и е пружена помош и заштита и е обезбедена нејзината безбедност, таа може потоа да реинтегрира и рехабилитира во сите општествени процеси каде целосно ќе закрепне и ќе стане независна. Ова значи дека таа ќе има обезбедено безбедно и трајно живеалиште, како и стабилно и приходно вработување за себе и своите деца.

Во голема мера, економската зависност и немањето можност за живеалиште влијаат на одлуката за напуштање на насилникот. Жената која трпи насилство е финансиски зависна од сторителот на насилството, и не може да донесе одлука да го напушти бидејќи ќе значи потенцијална сиромаштија и бездомништво за неа и нејзините деца.

Реинтеграцијата и рехабилитацијата се процесите кои овозможуваат полесно да се донесе одлуката за напуштање, но и да се обезбедат дом и вработување, како и опоравување од преживеаното насилство. Конечната цел на реинтеграцијата е живот без ризик од идно насилство, и без ризик од сиромаштија и бездомништво.

Со цел подобро запознавање со процесот на реинтеграција и рехабилитација, како и предлог Моделот за реинтеграција, изготвивме информативна и едукативна брошура која содржи детални информации за овие процеси.

Брошурата е намената за професионалци и даватели на услуги кои работаат со жени жртви на родово базирано и семејно насилство, како и за донесувачи на одлуки кои се одговорни за креирање на политики и закони поврзани со насилство врз жени.

Брошурата е достапна на овој линк.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската