Жртвите на семејно насилство се враќаат во насилната средина зашто заштитата е само на хартија, покажува статистиката

Ана Аврамоска Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство во изјава за МИА истакнува дека законската рамка е прилично унапредена во последните седум години, но сепак едни од поважните закони што треба да придонесат за подобрување на положбата на жената, сѐ уште не се донесени. Како што вели, не се предвидени и доволно финасии за успешно справување со семејното насилство.

„Во однос на заштитата, сите специјализирани услуги што ги дава државата треба да бидат по определни стандарди на Советот на Европа. На хартија сите услуги постојат, но во пракса има низа недоследности кои покажуваат дека не се целосно функционални овие сервиси за жени. И на крај, она што го покажаа поголем број истражувања, но и нашиот мониторинг на петгодишниот национален Акциски план, дека најмал процент на активности се спроведени на превенцијата. Кампањите што спорадично можеме да ги забележиме во медиумите, а сѐ со цел да се подигне јавната свест, не се доволни да обезбедат целосна превенција“, вели Аврамоска-Нушкова.

Нагласува дека иако државата предвиде дека ќе донесе посебна програма за реинтеграција на жртвите на семејно насилство, која опфаќа неколку аспекти како подолгорочна поддршка за домување, финасиска помош, образование и унапредување  за стекнување на нови вештини со цел нивна полесна вработливост, сепак веќе трета година откако е донесен Законот, оваа Програма не е донесена.

Според Аврамоска Нушкова, има пријави за семејно насилство можеби и поради тоа што почесто се зборува за оваа состојба, па жртвите се поинформирани и повеќе знаат каде да се обратат.

„Ако во 2018 година, според МТСП имаме 919 новорегистирани случаи на семејно насилство, веќе во 2021 година оваа бројка е 1.608. Најголем број на пријави се однесуваат на психолошко насилство, а потоа на физичкото насилство како две најпрепознаени форми на насилство. Во однос на пријавите морам да нагласам дека Македонија има многу низок процент на пријавени случаи во споредба со европскиот. Имено, од последното истражување на ОБСЕ за благосостојбата на жените во Македонија добиен е податок дека само два отсто од случаите се пријавуваат и се регистрираат кај нас, додека во Европа овој процент е 14 отсто. Во однос на казнивоста има голем број на пресуди против насилниците во кои се изрекува алтернативна мерка условна осуда и условна осуда со заштитетен надзор“, посочува Аврамоска Нушкова.

Таа потенцира дека мултисекторската соработка меѓу институциите, правилната направена проценка на ризик, како и постапувањето на сите професионалци, ќе го унапреди системот на заштита и ќе ја врати довербата на жртвите во институциите.

Повеќе на оваа тема може да прочитате на МКД.мк.

Преземено од МКД.мк

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: