Жртва на семејно насилство четири месеци чека помош

Од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавија дека по пријава од страна на жртвата и после четири месеци, до ден денес, не биле преземени никакви мерки на заштита.

Жртва на семејно насилство цели четири месеци чека помош од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје, од денот на пријавата до денеска не се преземени никакви мерки за заштита, велат од националната мрежа против насилство врза жени.

Од Националната мрежа велат токму непостапувањето во итност доведува во голем број случаи да дојде до и убиство од страна на член од семејството или фемицид. Институции кои се во прва линија за заштита на лицата кои се справуваат со насилство, се наведува, очигледно не се доволно сензибилизирани и стручни во применетата на законските прописи со кои се штитат жртвите, објаснува Петровска.

Од Центарот со реакција дека постапката била отпочната по добиено известување од Сектор за внатрешни работи, било направено проценка и се понудени мерки за заштита.

„Исто така врз основа на направената проценка на ризик и претходно дадена согласност од жртвата, Центарот има поднесено барање до суд – Предлог за изрекување на привремена мерка за заштита на жртвата и малолетните деца и постапката е во судска процедура и судот е надлежен за донесување одлука за изрекување на привремени мерки за заштита. Предметот е активен и сеуште се работи.

Според статистиката од 2017 до 2020 година во земјава имало вкупно 26 убиства од кои 22 се жени убиени од членови од семејство. Последниот случај во Неготино е жена која откако беше претепана од својот љубовник подлегна од повредите и почина.

Преземено од: Канал 5 ТВ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: