Иако во Северна Македонија постои релативно добра законска рамка за заштита од родово базирано и семејно насилство, жените жртви често немаат реална финансиска поддршка од државните институции. Поради тоа, многу жени кои се соочуваат со насилство се губат во системот и тешко успеваат да се реинтегрираат.
Според Ана Аврамоска Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Програмата за реинтеграција на жртвите, која Владата ја усвоила во 2024 година, сè уште нема конкретни активности ниту обезбеден буџет за спроведување.
Дополнителен проблем е економската зависност на жените, која често ги принудува повторно да се вратат во насилна средина. Само 29% од жените во државата поседуваат недвижен имот, а во руралните средини таа бројка е околу 5%, што значително ја ограничува нивната можност да го напуштат насилникот.
Во текстот се нагласува и дека децата кои се жртви или сведоци на семејно насилство исто така имаат потреба од финансиска и институционална поддршка, без оглед дали е поднесена официјална пријава во полиција.
Целото интервју може да се прочита на alsat.mk



