Здружени против родово базирано насилство“ – настан во Кабинетот на претседатeлот на Р. Северна Македонија

На 14 декември 20220г. во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска се одржа настан под наслов „Здружени против родово базирано насилство“, чија цел беше поддршка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. На настанот се обрати сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а за работата и предизвиците со кои се соочува Националната мрежа, презентација одржа Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. За услугите коишто се обезбедуваат во Женските центри за поддршка во Скопје и Тетово, зборуваа социјалната работничка Бојана Лазаревска и психологот Небахат Имери.

Покрај претставници од Националната мрежа, на настанот присуствуваа претставници од дипломатскиот кор, канцеларијата на Обединетите Нации, граѓанскиот сектор во земјава, како и претставници на бизнис заедницата и општествено одговорни компании.

Г-а Елизабета Ѓоргиевска истакна дека на женските центри за поддршка раководени од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, кои нудат специјализирани услуги за жртвите, им е неопходна финансиска одржливост на подолг рок, бидејќи нивното функционирање е од исклучителна важност за целокупниот систем на заштита од родово базирано насилство во нашето општество. Поради тоа, целта на настанот беше, пред сè да се даде поттик за поддршка на услугите за жените жртви  за се осигури одржлива помош и поддршка во борбата против родово базирано насилство.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската