Завршен процес на субгрантирање на 8 женски организации: Постигнати резултати

Во текот на 2021 година го спроведуваме првото субгрантирање на женски граѓански организации кое беше целосно успешно. Во период од 12 месеци беа субгратирани 8 локални женски организации, членки на Националната мрежа. Сите 8 организации работеа локални на повеќе активности, пред сè локално истражување и анализа на Потребите на жени жртви на насилство кои ја напуштиле насилната средина.

Беа изработени 8 локални анализи со наоди, заклучоци и препораки за тоа што им е потребно на жените кои преживеала некоја форма на насилство во процесот на реинтеграција и рехабилитација во нивните места на живеење. Изготвените препораки понатаму се користеа како алатки за застапување пред локалните институции, особено пред локалната самоуправа како надлежна институција која треба да обезбеди финансии за воспоставување и одржување на вакви локални услуги. Беа опфатени 12 општини, дел урбани дел рурални каде на терен работеа 8те субгрантисти: НВО Семпер во Битола, ЗГИ Клеа во Прилеп, Кортекс во Тетово, Боговиње, Желино и Јегуновце, Организација на жени на Свети Николе во Св. Николе, Организација на жени на Велес во Велес, Скај Плус во Струмица, Визија во Кавадарци и Женска акција во Радовиш и Конче .

Ова се конкретните резултати кои беа постигнати во секоја од општините:

Во Општина Битола, НВО Семпер изработи локална анализа за Битола и изготви Документ со наоди и препораки од анализата. Во Општина Битола е институционализирана финансиска поддршка за домување на жени жртви на насилство по напуштање на засолниште во Програмата за социјална заштита и буџетот за 2022 година во општина Битола.

Скај Плус работеше во Општина Струмица и изработи анализа со наоди и препораки за Струмица, како и Документ со наоди и препораки наменет за локалните институции. Во Општина Струмица исто така е институционализирана финансиска поддршка за жените жртви на насилство по напуштањето на засолниште во Програмата за еднакви можности и буџетот за 2022 година во општина Струмица, и е доделен дел од финансиската поддршка (3 месеци) за психосоцијално советување на жени и деца кои се справуваат со РБН и СНС во Програмата за еднакви можности и буџетот за 2022 година во општина Струмица.

Организација на жени на градот Велес истражуваа во Општина Велес и изработија локална анализа со наоди и препораки наменети за локалните институции во Општина Велес. Во оваа општина   е институционализирана финансиска поддршка за жените жртви на СВ во Програмата за социјална заштита и буџетот за 2022 година на општина Велес.

Организацијата на жени на Општина Свети Николе изработи локална анализа за потребите на урбаните и руралните жени жртви на насилство во Свети Николе и околните населени места.

Во Општина Прилеп ЖГИ Клеа истражуваше во Општина Прилеп, изработи локална анализа и Документ со наоди и препораки наменети за Прилеп.

Кортекс истражуваа локално во Општина Тетово, Општина Боговиње, Општина Желино и Општина Јегуновце и изработија локална анализа со наоди и препораки, како и информативно видео за локалните потреби на жени жртви во Тетово.

Здружението за родова еднаквост – Визија,  изработи локална анализа со наоди и препораки наменети за Општина Кавадарци.

Женска акција работеа во Општина Радовиш и Општина Конче, изработија локална анализа и картичка со наоди и препораки наменети за локалните институции во Радовиш и Конче.

Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ поддржан од Австриската Агенција за развој (АДА).

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости