За 3 години, 15 жени се убиени од партнерите -државата не ги заштитила

Од 2013 година до денес, убиени се 15 жени од нивните партнери.

Фемицид е најтешка форма на насилство врз жени и може да биде директна последица на домашно насилство или интимно-партнерско насилство.

Ова денеска беше истакнато на конференција „Фемициди – убиства на жени заради тоа што се жени“ во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во соработка со ОН.

Извршната директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Елена Димушевска потенцира дека во Македонија фемицидот не е регулиран како посебно кривично дело и дека загрижувачко е што нема и официјална статистика на фемициди или убиства на жени на национално ниво.

Од Државниот завод за статистика има податок дека од 2008 до 2016 година има 70 убиени жени, но сега се извршува анализа колку од убиствата се фемициди. Жените жртви се на различна возраст, информираше Димушевска.

Според неа, жените кои се жртви на фемициди претходно биле жртви на насилство, но и биле недоволно информирани за пријавување во соодветни институции.

– Тие што пријавиле во полиција или во Центарот за социјална работа, не добиле соодветна реакција, односно не се преземени соодветни мерки и жената била убиена. Повеќе од 90 проценти од убиствата се случуваат во домот или доколку сопружниците се разделени се случуваат во куќата на жртвата. Најнебезбедно место на жртвите, е нивниот дом, рече Димушевска.

Вирве Вимпари од Делегација на ЕУ рече дека фемицидот е еден вид на дискриминација и дека е причина и последица на родовата нееднаквост.

– Иако дури и во земја како што е случајот со мојата – Финска, ние би требало да бидеме многу напредни во однос на родовата еднаквост, можеме да видиме дека дури и во ЕУ третина од жените искусиле некакво физичко или сексуално насилство. Јас сум една од тие жени, но ја имав среќата да ја избегнам од таа ситуација и да се спасам. Не сите жени се толку среќни. Голем број на вакви дела остануваат непријавени, рече Вимпари.

Македонија преку институциите не нуди никаква заштита на жените жртви на семејно и сексуално насилство.

Претставничката од Министерство за труд и социјална политика, Светлана Цветковска, додаде дека во моментов работат на отворање на Центар за жртви од сексуално насилство.

Преземено од: Нова ТВ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Отворено писмо на Платформата за родова еднаквост до Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Платформата за родова еднаквост упатува честитки до Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор и новиот мандат на Претседателка на Република Северна Македонија. Сиљановска-Давкова е првата жена