Втора обука за критичко размислување и решавање на проблеми

Светскиот Економски Форум ја вброи Критичкото размислување и Анализа на листата на најпотребни меки вештини за следните 2 години.

Како да ги одвоите фактите од личното мислење?

Како да ги надминете вашите предрасуди и објективно да ги анализирате ситуациите и комплексните проблеми? 

Лажни вести? Критичкото размислување е вештината со која успешно ќе правите разлика што е добро, а што лошо, што е точно, а што е неточно!

Каква е моќта на прашањата кога се работи за вештината за критичко размислување?

Која е врската помеѓу критичкото размислување и решавањето на проблемите?

За време на 6 часовната обука ќе имате можност да добиете одговори на овие прашања и да работите на:

  • практични индивидуални и групни вежби,
  • искуствени нови увиди,
  • дискусија и примена на алатките кога се работи за решавање на проблемите.

Цели: Оваа обука е создадена да Ви овозможи практични и применливи вештини како во приватниот живот така  и во вашата организација, било да работите самостојно или во тим. Научете едноставни техники за логичко и информирано донесување на одлуки, како ефективно да ги користите емоциите и подобро да ги разберете искуствата и гледиштата на другите луѓе засилувајќи ја вашата способност да работите со различни луѓе.

По завршување на обуката ќе се стекнете со:

  • поголема свесност за моќта на критичкиот ум и моќта на прашањата
  • ќе добиете јасни техники како да развивате различен пристап кон проблемите и,
  • применливи алатки кои веднаш ќе може да ги ставите во пракса.

Обуката ќе ја води Катерина Златановска Попова, советничка за кариера, тренер за меки вештини, тренер на Point of you и консултантка за човечки ресурси за компетентност.

За да се пријавите на работилницата доволно е да ни го напишете името и презимето, и контакт телефон на: konkurs@glasprotivnasilstvo.org.mk најдоцна до петок, 15.04.2022г. со назнака: Учество на работилница за Критичко размислување и решавање на проблеми.

За сите дополнителни информации може да не побарате на: 075/255-154.

Оваа активност е дел од проектот „Советувалишни центри за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство“, финансиски подржан од Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршал фонд на Соединетите држави и Кралската амбасада на Норвешка во Белград, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Загрижувачки наоди на последниот Извештај на Европската комисија за Р. Северна Македонија (2023) во делот за фундаментални права

Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија, објавен на 8-ми Ноември 2023г., содржи низа загрижувачки наоди во повеќето поглавја. Особено важни се наодите и