Вработените од Mozzart на работилница против насилство врз жените и семејно насилство

Во просториите на компанијата Mozzart, тимот на Националната мрежа одржа работилница со вработените на компанијата на тема „Насилство врз жените и семејно насилство. “

На работилницата учесниците беа запознаени со формите на насилство врз жени, како и за тоа каде и како може да се пријави насилството, и каква помош е достапна за жртвите.

Ова е прва работилница која Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство ја одржа со вработените во компанијата Mozzart, откако ја започнавме соработката со оваа компанија.

Имено, во Април 2023г. компанијата Mozzart, обезбеди финансиска поддршка за непречено функционирање на Женскиот центар за поддршка – Скопје, со што се овозможи достапност на услугите на центарот за жени и деца жртви на насилство во текот на целата година.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости