Важноста од воспоставување и одржување на специјализираните услуги за помош, поддршка на жени жртви на насилство

На 7ми Декември 2023г. во Велес успешно се реализира панел дискусијата организирана од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство на која присуствуваа сите заинтересирани претставници од различни општини од Северна Македонија, претставници од  советите, советниците и претседатели на советите како и вработени во одделенијата за социјална заштита и комисиите за еднакви можности во општините.

Во текот на првиот дел, панелистките се осврнаа на различните форми на родово базирано насилство опфатени во нашата национална легислатива. Презентирана беше моменталната состојба со постоечките достапни услуги за заштита, помош и поддршка на жените жртви на насилство, како и на улогата и важноста на локалната самоуправа во воспоставување и одржување на специјализирани услуги за помош и поддршка на жени и деца жртви на насилство. Оваа активност беше спроведена во рамките на проектот финасисран од шведската фонадација Kvinna till Kvinna Foundation.

Во вториот дел на кој имаше 4  панелистки, главниот фокус беше важноста на родовата еднаквост во справувањето со насилството врз жените и девојчињата, што покрена важни размислувања/дискусии и идеи за идните активности и интервенции. Панелистките опфатија неколку клучни аспекти кои ја дефинираат родовата еднаквост и тоа на родовиот јаз во платите каде беше истакната важноста на разбирањето на оваа проблематика. Нееднаквоста во платите, најмногу ја загрозува финансиската сигурност на жените и девојчињата, и со тоа ги прави поподложни на насилство и зависни од насилничките односи/врски. Дополнително беше објаснето и значењето на моделот на сеопфатно сексуално образование, како и резултатите од едногодишното пилотирање на овој модел во неколку училишта. На панел дискусијата се зборуваше и за женската сиромаштија како и  за специфичните предизвици на жените од руралните средини што вклучуваат ограничен пристап до ресурси и услуги, што ги прави уште подложни на разни форми на насилство.

Дискусијата што следеше ги обогати овие аспекти со искуства, мислења и предлози од различни присутни на настанот. Идните акции бараат активно соработување меѓу сите заинтересирани страни за да се подобри состојбата и да се промовира родовата еднаквост во борбата против насилството. Оваа активност се реализира како дел од проектот подржан од Амбасадата на Франција во Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската