Јавен повик за ангажирање на Координаторка за комуникации

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство објавува јавен повик за ангажирање на Координаторка на комуникации на определено време.

Координаторка на комуникации  

Работни обврски

  • Развој и спроведување на стратегијата за комуникација и застапување, во соработка со тимот на извршната канцеларија;
  • Следење на успешноста на комуникациските активности;
  • Редовно следење и запознаеност со случувањата и политиките во државата кои се релеватни за работата на Националната мрежа;
  • Подготвување и спроведување на кампањи на социјални медиуми за прашања релеватни за работата на Мрежата;
  • Развој и спроведување на стратегија за социјални медиуми со цел подобрување на

присуството и видливоста на организацијата на социјални медиуми, во соработка со тимот на извршната канцеларија;

  • Координација и логистика за промоции, конференции, конференции за медиуми и други
  • настани
  • Редовно ажурирање на веб страната со содржини кои произлегуваат од работата на Мрежата;
  • Визуелизација на податоци добиени од спроведени истражувања, дизајн на содржини за социјални медиуми;
  • Подготовка на комуникациски материјали како соопштенија за медиуми, брифинзи, годишни извештаи, како и комуникациски пакети наменети за донатори
  • Учество во подготовката на сите печатени и електронски материјали на организацијата, дизајн на публикации и веб страни;
  • Извршување на други задачи во согласност со потребите на организацијата

Општи услови

Кандидатките треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • Високо образование во областа на комуникации и односи со јавност, или друга релевантна област;
  • Работно искуство во координирање на комуникациски активности и односи со јавноста (најмалку 3 години);
  • Напредно познавање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint);
  • Познавање на програми за дизајнирање (Canva, Corel и сл.);
  • Напредно познавање на WordPress;
  • Напредни вештини за уредување, развој на содржини и комуникација со нови и традиционални медиуми;
  • Искуство во креирање на соопштенија за јавност;
  • Одлични познавања на македонски и англиски јазик (познавање на албански ќе се смета за предност);
  • Развиени вештини за тимско работење.

Дополнителни критериуми за избор

За работното место предност ќе имаат кандидатките со:

  • претходно искуство во здруженија на граѓани;
  • познавања или искуство од областа на работа со маргинализирани групи, родово базирано и семејно насилство врз жени и деца, човекови права, познавање на меѓународна и национална легислатива поврзанa со насилството врз жени и деца и семејно насилство;
  • мотивираност за работа во областа на конкретното работно место;
  • доверливост и сензибилност за работа со маргинализирани групи;
  • динамичност, амбициозност и самоиницијативност.

Работното време е 40 часа во текот на работната недела, со физичко присуство во извршната канцеларија на Мрежата. За позицијата е предвиден пробен период од 3 (три) месеци.  Платата ќе се утврди согласно искуството на избраната кандидатка.

Потребни документи

 Најдоцна до 21.04.2024 заинтересираните кандидатките треба да достават:

  • скенирана копија од дипломата за завршено образование;
  • кратка биографија на македонски јазик;
  • најмалку една препорака од претходните работни места;
  • пример од пишан труд, статија, колумна, кампања на социјални медиуми и слично.

Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за координаторка за комуникации“ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости