Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство објавува јавен повик за вработување на проектна асистентка на определено време.
Проектна асистентка
Работни обврски
- Организира состаноци, посети, работни средби, обуки и настани поврзани со проектните активности;
- Комуницира и соработува со членките на мрежата, партнерите и други надворешни соработници;
- Се грижи за техничка и логистичка поддршка на организацијата поврзана со проектни активности;
- Подготвува извештаи од поединечни активности, и го следи тековното спроведување на проектните активности;
- Креира постови поврзани со проектните активности и соработува со сите медиуми на национално ниво, во координација со тимот на извршната канцеларија;
- Следи објави и известувања во медиумите во врска со родовото базирано насилство врз жени и деца и семејно насилство;
- Следи објави за предлог проекти и се вклучува во подготовка на нови проектни апликации;
Општи услови
Кандидатките треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- завршено високо образование;
- познавање на административно работење;
- најмалку 2 (две) годишно работно искуство поврзано со спроведување на проекти;
- одлично познавање на англиски јазик (пишување, читање и зборување);
- одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft Office, );
- изградени способности за тимска работа;
- добро изградени организациски и комуникациски вештини;
Дополнителни критериуми за избор
За работното место предност ќе имаат кандидатките со:
- претходно искуство во здруженија на граѓани;
- познавања или искуство од областа на работа со маргинализирани групи, родово базирано и семејно насилство врз жени и деца, човекови права, познавање на меѓународна и национална легислатива поврзанa со насилството врз жени и деца и семејно насилство;
- образование во некоја од овие области: социјална работа, психологија, хуманистички науки, економија, право, или други сродни професии;
- мотивираност за работа во областа на конкретното работно место;
- доверливост и сензибилност за работа со маргинализирани групи;
- динамичност, амбициозност и самоиницијативност.
Работното време е 40 часа во текот на работната недела, со физичко присуство во Извршната канцеларија на Мрежата. За позицијата е предвиден пробен период од 3 (три) месеци. Предвидената почетна плата во нето износ е 35.000 денари.
Потребни документи
Најдоцна до 06-ти Мај 2024 заинтересираните кандидатките треба да достават:
- скенирана копија од дипломата за завршено образование;
- кратка биографија на македонски јазик;
- најмалку една препорака од претходните работни места.
Кандидатките кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
Само кандидатки кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.
Документите со назнака/предмет на пораката „Конкурс за проектна асистентка“ треба се испратат по електронски пат на следната е-маил адреса: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk