На 13 март, се одржа првата средба на Работната група формирана од Министерството за здравство која ќе работи унапредување и имплементација на стандардната оперативна процедура за центрите за упатување на жртвите на сексуално насилство.
Овој процес го иницираше Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство заедно со Здружението за психотерапија и советување „Кортекс“со цел да се усогласи оваа постапка со Истанбулската конвенција и да се воспостваи систем кој ќе обезбеди заштита во случај на сексуално насилство имајќи ја предвид жртвата и нејзините потреби и барања.
На средбата присуствуваа претставнички од Министерството за здравство, Делегацијата на ЕУ во Скопје, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, здружението „Кортекс“, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Вишото јавно обвинителство, Институтот за судска медицина, МАГО, ХЕРА, Хелсиншки комитет за човекови права, МЗПМ, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, Општата болница во Куманово, Клииничката болница во Тетово и медиуми.
На првата средба, работната група започна да ги идентификува пропустите и предизвиците во функционирањето на Центрите за упатување на жртвите на сексуално насилство воспоставени во трите јавни здравствени установи ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје, ЈЗУ Клиничка болница Тетово и Општа болница Куманово и се согласи за тоа дека се потребни измени и дополнувања во Стандардната оперативна процедура.
Од дискусијата прозилезе дека важечката процедура иако е во согласност со национална легислатива, сепак не е усогласена со одредбите на Истанбулската конвенција, особено во делот на задолжителното пријавување на кривично правниот настан дури и кога нема согласност на жртвата, во делот за собирање, обезбедување и чување на доказите, во делот на обезбедувањето на правна и психосоцијална помош и поддршка и во делот на доверливоста на податоците, со цел жртвите да не се ревиктимизираат и да станат и жртви на системот.
Работната група договори динамика на сретнување на две недели за изнаоѓање на решенија за идентификуваните предизвици.