Убиства на жени во Западен Балкан – Извештај за 2021г.

Партнерската организација Фондација „Обединети жени“ од Бања Лука (Босна и Херцеговина, изработи заеднички извештај за земјите од Западен Балкан, заедно со партнерските организации од Србија, Косово, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, во кој се содржат податоци од 6те земји, клучни наоди и клучни препораки за убиства на жени односно фемициди во текот на 2021 година во регионот.

Клучните наоди, или заедничките карактеристики за регионот укажуваат тоа дека околностите кои водат до случаи на фемицид покажуваат поголем ризик од фемицид во случаи кога жените жртви ги напуштиле своите сопрузи/партнери или кога имало индикации дека имале намера да ги напуштат. Имено, секоја втора жена била убиена од нејзиниот сопруг или партнер во нивната заедничка куќа/стан.

Дополнително, наодите покажуваат дека жените од сите возрасни групи се изложени на ризик да бидат жртви на фемицид, со зголемена појава во особено возрасна група од 46 до 55 години. Повеќе од половина од случаите на фемицид во 2021 година во Регионот на Западен Балкан се јавува во урбаните средини (61%), додека 39% жени жртви биле убиени во руралните средини. Само (24%) од жените и девојчињата кои биле жртви на фемицид пријавиле насилство во институциите пред да се случи фемицид. Секоја трета жена жртва (33%) била убиена со огнено оружје (пиштоли, автоматски пушки, експлозивни направи).

Како извршители на овие убиства се идентификувани мажите од сите возрасни групи се, со зголемена појава особено во возрасната група од 36 до 45 години.

Клучните препораки се следниве:

– Официјалните статистички податоци поврзани со случаи на насилство врз жени и девојки во земјите во Регионот на Западен Балкан треба да содржи податоци за полот поврзани убиства на жени;

– Потребно е да се осигури финасиска поддршка на женските граѓански организации во Регионот на Западен Балкан за да им се овозможи да спроведуваат континуирано следење на случаите на родово базирано и семејно насилство;

– Потребно е да се применува интегриран фокус на географската преваленца на случаи на фемицид (урбан/рурална средина) при развој и спроведување на програми за превенција од родово базирано и семејно насилство;

– Треба да се спроведува следење на пријавените случаи на семејно насилство и насилство од интимен партнер каде што постои поседување на огнено оружје кај сторители, како и случаите каде жените ја напуштиле или имаат намера да ја напуштат насилната средина. Овие случаи треба да се класифицираат како случаи со висок ризик.

–  Институциите треба да преземат поголеми чекори за да се осигури дека се вршат проценки на ризик и дека заштитата и грижата им се достапни на жените кои избираат да ги напуштат насилните сопрузи или партнери и на жените кои се изложени на демнење, вознемирување, закани или други форми на насилство .

Извештајот е достапен на овој линк на англиски јазик.

Оваа активност се спроведе во рамките на проектот „Институционализација на квалитетни услуги за интеграција и рехабилитација на жени жртви на насилство во Западен Балкан„  поддржан од Австриска агенција за развој (АДА).

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости