Трет jавен повик за ангажирање на две млади истражувачки

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство со финансиска поддршка од Шведската Фондацијата Kvina till Kvina (Kvina till Kvina Fondation), во рамките на проектот ,,На патот кон ЕУ: Спречување на насилство врз жените во Република Северна Македонија” на ден 20.03.202., објавува трет јавен повик за ангажирање на две млади истражувачки за подготовка на тематски извештаи за насилство врз жените и семејно насилство во Република Северна Македонија.

КОЈА Е ЦЕЛТА НА ПОВИКОТ?

Целта на повикот е ангажирање на млади истражувачки кои ќе подготват тематски извештаи преку кои ќе се опфатат различни аспекти на проблемот на насилство врз жените и семејно насилство во Република Северна Македонија. Подготвените извештаите ќе придонесат кон зголемување на пристапот до информации поврзани со состојбата со насилството врз жените и семејното насилство во државата, а ќе бидат користени како аргументи за застапување пред релевантни институции и ќе ја дадат појдовната основа за иницирање на различни процеси, акции и планови за потребните измени кои треба да се случат во нашето општество.

ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ:

Под супервизија на тимот на извршната канцеларија на Мрежата, од младите истражувачки се очекува индивидуално да изготват по еден тематски извештај кој ќе се фокусира на специфичен аспект поврзан со проблемот насилство врз жените и семејно насилство. Извештаите не треба да бидат подолги од 10-12 страни и треба да вклучуваат:

  • анализа на состојбата со специфичното прашање кое ќе биде фокус на извештајот;
  • потребата од промени;
  • позитивни пракси од други земји од регионот и пошироко;
  • заклучоци и препораки за унапредување.  

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

Ги повикуваме и охрабруваме сите млади истражувачки кои се мотивирани и имаат желба да ги зголемат своите знаења за проблемот на насилство врз жените и семејното насилство, и сакаат активно да се вклучат и да придонесат кон подобрувањето на заштитата и поддршката на жените кои преживеале некаква форма на родово базирано насилство да се пријават на овој повик.

Критериуми кои треба да ги исполнуваат заинтересираните кандидатки:

  • Да има претходно искуство во спроведување на истражувања/анализи;
  • Да има солидно познавање на англискиот јазик;
  • Да се согласува и да ја подржува мисијата и визијата на Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство;
  • Да е млада девојка или жена до 35 години.

НАДОМЕСТОК И ВРЕМЕНСКА РАМКА

За подготовка на еден тематски извештај предвиден е паричен надоместок од бруто износ од 1200 евра во денарска противвредност. 

За потребите на овој проект за 2023 година ќе бидат ангажирани две млади истражувачки.

Временската рамка за подготовка на тематските извештаи е 5 месеци, а најдоцна до 30 септември, 2023 година.

НАСОКИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Рок за поднесување на апликации е до 07.04.2023 година.

Документи за аплицирање за овој повик се следниве:

  • Кратка биографија (на македонски јазик);
  • Мотивациско писмо со осврт на мотивот за одговарање на повикот (не повеќе од половина страна);
  • Предлог тема за пишување на извештајот (релевантноста на предложената тема во апликацијата ќе игра значајна улога при процесот на селекција) и кратко објаснување за оправданоста на избраната тема (не повеќе од половина страна), како и предлог кратка Методологија на истражување.

Потребната документација треба да се испрати електронски на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

За сите дополнителни прашања можете да ни пишете на coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Централен настан на ОБСЕ: „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“

Со цел одбележување на почетокот на глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“, ОБСЕ одржа централен настан на 24-ти Ноември 2024г.

Платформа за родова еднаквост – Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени

Пресудата која Основниот Кривичен Суд во Скопје ја донесе против 13 лица за трговија со дете, полов напад и силување, и производство и дистрибуција на