Тешко до заедничко старателство и преку Граѓански законик

Здрав родителски однос по развод е реткост

Невладините организации обединети во Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство сметаат дека Концептот на заедничко родителство е одличен како модел за пост-разводно родителство затоа што опфаќа еднаква вклученост на двајцата родители во животот на детето. Но отворено се сомневаат дека може да функционира во земја како Северна Македонија и затоа Елена Димушевска, извршната директорка на Националната мрежа против семејно насилство вели дека не треба да се воведува како законско решение.

Таа објаснува дека заедничкото родителство не значи дека детето мора да поминува исто време со двајцата родители, туку дека родителите мора да се договараат и заеднички да одлучуваат за различните аспекти од животот на детето.

„За да може непречено да комуницираат, неопходно е партнерите кои се разведени, да ги имаат прифатено разводот и на рационално и на емоционално ниво, односно да не постои лутина и меѓусебно обвинување за причините поради кои се случил разводот. Во земја, како Македонија во која психолошкото советување е сè уште табу тема, и каде само мал процент од партнерите посетуваат постразводно советување, оддржувањето на здрав родителски однос по развод е ретко. Па оттаму, и моделот на заедничко родителство многу тешко би се имплементирал, односно нема да ја исполни својата основна цел – да се задоволи најдобриот интерес на детето, а тоа хармоничен живот исполнет со љубов и разбирање“, вели Димушевска.

Димушевска смета институциите немаат капацитети да го спроведат овој модел, во кој ќе мора да постојат услови или критериуми за проценка на родителските капацитети и вештини да го спроведат во секојдневието.

„Воведувањето на заедничко старателство не значи дека сите ќе го добијат, освен наведените исклучоци, туку само постои како можност таму каде што има услови за истото. Опцијата едниот родител да го добие старателството, дури и во семејства каде нема семејно насилство, туку има конфликтни односи, ќе остане да постои“, вели Димушевска.

Преземено од Слоодна Европа.

Целата статија може да се види на овој линк

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: