Сумарен мониторинг извештај за напредокот на Република С. Македонија при спроведување на Националниот акциски план (НАП) за имплементација на Истанбулската конвенција (октомври 2018- октомври 2023)

Во рамките на процесот за мониторинг на спроведувањето на НАП-от за имплементација на Истанбулската конвенција, Националната мрежа направи 3 периодични мониторинг извештаи и 1 сумарен. Имено, 3-те извештаи се однесуваат на периодот од октомври 2018г. до октомври 2020г., потоа ноември 2020г. до мај 2021г., и јуни 2021г. заклучно со декември 2021г. Сумарниот извештај ги опфаќа овие 3 периодични извештаи и го дополнува периодот од јануари 2022г. до октомври 2023г., кога и заврши предвидениот рок за имплементација на НАП-от.

Целта на сумарниот извештај е да го оцени спроведувањето на предвидените активностите и исполнување на индикаторите утврдени во НАП-от, следејќи ја нивната 5-годишна имплементација. Од истражувањето и анализата во овој процес, може да се заклучи дека институциите кои се задолжени за имплементација на НАП, не се доволно транспарентни во спроведувањето на активностите – не сите министерства ги вклучуваат граѓанските организации при спроведувањето на активностите.

Највидливи резултати има во носењето на новите закони како и измените и дополнувања на некој од постоечките. Сепак и во постигнувањето на оваа ЦЕЛ 1 многу важни закони како Законот за родова еднаквост, Законот за работни односи, законот за семејство итн. остануваат непроменети. Загрижувачки слаба имплементација се забележува на активностите кои имаат за цел превенција од насилство врз жени и семејно насилство (ЦЕЛ 3 од НАП). Дополнително, потребно е во оперативните планови на надлежните министерства/институции да се предвиди и буџет за имплементација на активностите кој што повеќето институции не го предвиделе. Конечно, потребно е да се воспостави ефективен механизам за за усогласување со препораките од Истанбулската конвенција (формирање посебно експертско тело) е од клучна важност за унапредување на системот на спречување и заштита од родово базирано насилство. Оваа задача, согласно закон е доверена на Националното координативно тело, но наодите покажаа дека не е исполнета и телото се соочува со големи предизвици во неговото (не)функционирање. 

МТСП започна процес на подготовка на Национална Стратегија за превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство (2024-2032) која активност е во согласност со членовите 13 и 16 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство. За оваа стратегија да може да се спроведе, државата мора да ги научи грешките од претходните 5 години, односно да предвиди финансиски средства во рамките на буџетите на сите релевантни институции да можат да ги спроведат активностите. Алоцираните финансиски средства за Стратегијата да бидат посебно издвоени, во посебни буџетски ставки за да полесно се следи трошењето и намената на истите.

Сумарниот извештај е достапен на овој линк.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската