Средба со Центарот за развој на Пелагониски плански регион

Денес, во салата за состаноци на општина Битола се оддржа редовна месечна средба Центарот за развој на Пелагонски плански регион на кој присуствуваат градоначалниците од општините во овој регион. По покана на градоначлникот на Битола, на состанокот беа присутни и претставнички од тимот на Националната мрежа и тимот на Семпер од Битола.

Една од точките на дневен ред беше потребата за воспоставување и обебзедување на одржливост на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на семејно и родово базирано насилство во Пелагонискиот регион. Пред градоначалниците, прва се обрати Марија Томевска Петковска која беше една од авторките на „Анализа на пристапот до специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во Пелагонискиот регион“. Таа ги презентираше наодите и главните заклучоци и препораки кои произлегоа од спроведената анализа. Потоа се обратија извршната директорка на Националната мрежа, Елена Димушевска и проектната координаторка Ана Аврамовска, кои зборуваат за итната потреба од воспоставување на специјализирани услуги за жени и деца жртви на РБН И СН, и го презентираа деталниот буџет -финансиски средства  кои се потребни за одржливост на едно специјализирано советувалиште за една година.

Од страна на претставничките на Националната мрежа беа споделени и позитивните искуства од други општини, како и можноста за партиципативен пристап на финансирање на вакоп тип на услуга.

Главниот заклучок од оваа средба беше дека општина Битола останува посветена на подобрување на пристапот до услуги за помош и поддршка на жени и деца жртви на насилство. Како следен чекор беше договорено да се разгледа предложениот буџет и финансиската рамка  за партиципативност на сите општини.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската