Соработка за заштита на жртвите на родово базирано насилство во Пелагонискиот плански регион

Градоначалниците на Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар денеска потпишаа заеднички меморандум за соработка со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Соработката ќе биде и со Општина Ресен.

Со овој меморандум се утврдува соработката и финансиската поддршка за одржливост на Советувалиштен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство: Женски центар за поддршка -Битола.

Општините се обврзуваат на активна насоченост кон подобрување и унапредување на социјалните услуги за жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство кои се наоѓаат на територија на општините делување во насока на подигнување на јавната свест, спроведување кампањи и информации на локалното население за достапните услуги за заштита и поддршка на жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство. Исто така, на овој начин општините ќе ја зголемат соработката со организациите кои работат на полето на унапредување на правата на жените и децата и преку јавни трибини, дебати, размена на искуства, а ќе се обезбеди и финансиска одржливост за непречено функционирање на Советувалишниот Центар во согласност со обврските кои произлегуваат од Истанбулската Конвенција и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Елена Димушевска, Извршната директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изјави: „Центарот го отворивме во декември минатата година со единствена поддршка на Општина Битола. Оваа година, работевме и со другите општини и сега на поддршка на Женскиот центар за поддршка – Битола се приклучија и општините Могила, Новаци, Ресен, Демир Хисар. Имаме одлична соработка со полициската станица во Битола, кои жртвите ги упатуваат во нашиот центар. Бројките се загрижувачки, околу 1500 пријавени нови случаи имаме годишно според институциите, но оваа бројка е само 2% од реалната бројка на жени жртви на насилство.“

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека општина Битола, преку своите програми, посветува посебно внимание на родовата еднаквост, додека преку програмата за еднакви можности, се поддржуваат активности на здруженија кои ставаат посебен акцент на родовата компонента.

Преземено до ТВ Тера.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости

Со собрани 118 600 денари, Халкбанк реализираше повторна, втора по ред донација за Интервентниот женски фонд за директна поддршка на женската независност

Втора година по ред, Халкбанк директно ги донираше сите средства собрани од продажната изложба и онлајн продажбата на „Фустани со џебови 2.0“, која се одвиваше