Што и како треба да разговараат родителите со тинејџерите за нивното сексуално однесување?

Во разговор со своите тинејџери родителите треба да бидат отворени да ја слушнат и нивната приказна, пред да го споделат најдоброто решение. Потребно е да понудат разговор базиран на прашања, интерес, разбирање и прифаќање.

Значајно е родителите,  некое време порано, да ги разговараат со детето правила на адекватно сексуално однесување, во кои влегуваат приватноста, кои делови од телото им се интимни, каков допир е неадекватен и како треба да се реагира во ситуација на непријатност. Родителите треба да им обезбедат на тинејџерите и одредена приватност и воздржаност од нив родителите, и да не се лутат која тие сакаат да се осамат, или кога не споделуваат секој деталј од доживувањето.  Посекако треба да разговараат за сигурен план во случај на можна сексуална нелагодност или закана. Значајно е низ годините на развој, започнувајќи многу порано, да воспостават круг на доверба и  човек од доверба, некој од родителите кој многу лесно ќе зборува за овие работи. Не секогаш детето ги носи овие прашања, но полесно е доколку тинејџерот ги активира разговорите. Понекогаш е потребно разговорот да се инспирира со тоа што родителот ќе сподели некои свои приказни од тинејџерството, со цел да инспирира и да донесе некаква нормалност на однесувањето. Обидете се разговорите да ги водите во сигурен и безбеден простор, да бидат наменски а не попатни, и да не вклучуваат луѓе кои непотребно ќе го носат срамот во релацијата.  

Филмови кои можете да ги погледнете со тинејџерот, во зависност од тоа дали е во претпубертет или во поголема тинејџерска возраст (возраста на првите сексуални искуства)  се анимираниот филм „Црвената панда“ или „Turning Red”, и македонскиот филм за врсничко насилство „Сестри“, соодветно.

Како родителите да реагираат доколку наидат на автоеротско сексуално однесување кај тинејџерот или одредена сексуална игра:

Кога ќе наидеме на ситуација која изгледа несоодветно, најзначајно е родителот да остане смирен, да го насочи детето во соба која е безбедна, доколку има и друго дете во собата, исто мирно да го замоли да се подготви, да го повика родителот и да го испрати детето. Пред да разговара со своето дете, потребно е да се смири и да види што би сакал да разговара со детето, сам или заедно со другиот родител. И пред да заклучи било што, потребно е да разбере што се случило поставувајќи отворени прашања. Што правевте во собата? Како дојдовте до таа идеја? Како се осеќаше ти во оваа ситуација? Детето може да чувствува нелагодност, но треба да се обидеме да не доживее засраменост. Оваа ситуација е можност да зборуваме со детето за здравите и неопходни граници како и за правилата за приватност и за сексуалното однесување.

Автор: Радмила Живановиќ, лиценциран психолог и европски акредитиран психотерапевт
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати новости