Што е афективна приврзаност и зошто е важна?

Кога едно дете е најадено, наспано, здраво и не е жедно, на тоа дете му се задоволени основните биолошки потреби. Кога тоа дете, со задоволени базични потреби, почнува да ја бара мајката или негувателот со поглед, се вознемирува ако мајката/негувателот се оддалечи и настојува да биде во нејзина/негова близина, тоа означува дека детето не e само биолошки врзано за мајката, туку е врзано и психолошки.

Афективната приврзаност е емоционална врска со друга личност. Најраните релации на децата кои се формирани со нивните негуватели имаат огромно влијание кое продолжува понатаму во животот. Афективната приврзаност служи за да ја одржи близната на новороденчето со мајката, со што ги зголемува неговите шанси за преживување. Низ историјата, децата кои одржувале близина со фигурата на приврзаност имале поголема веројатност да добијат удобност и заштита, а со тоа и поголема веројатност да преживеат до зрелоста. Примарните негуватели кои се достапни и реагираат на потребите на новороденчето, му овозможуваат на детето да развие чувство на сигурност. Доенчето знае дека старателот е сигурен, што создава безбедна основа за детето потоа да го истражува светот.

Верувањата и очекувањата на детето за светот и за самото за себе ги гради врз основа на квалитетот на односот на родителите кон него, а исто така врз основа на тој однос се засноваат претпоставки за тоа колкава е можноста  блиските личности да бидат достапни и тука за детето кога ќе побара поддршка од нив.Психолозите разликуваат 4 главни типови на приврзување, односно сигурен, избегнувачки тип, анксиозен и дезорганизиран тип.

 Оние кои се сигурно приврзани во детството, имаат тенденција да имаат добра самодоверба и силни романтични врски. Децата кои се сигурно приврзани како доенчиња, имаат тенденција да развиваат посилно самопочитување и подобра самостојна потпора како што стареат. Овие деца, исто така, имаат тенденција да бидат понезависни, имаат подобри перформанси во училиште, успешни социјални односи и помали шанси да се чувстваат анксиозно и депресивно.

Исто така, афективната приврзаност е поврзана со регулација на емоциите кај детето.  Детето чии родители/старатели се достапни и чувствителни за неговите емоционални потреби и сигнали ќе се чувствува слободно да ги изрази своите непријатни чувства директно, и ќе очекува да биде смирено и уверено од неговите негуватели за време на стрес. Така, тоа веројатно ќе помине помалку време во вознемиреност, а повеќе време ангажирано во пријатни и позитивни размени. Следствено, регулацијата – наспроти дисрегулацијата -станува позната и очекувана.

Значи, афективната приврзаност е важна за развојот на детето, за поврзувањето со другите, партнерските релации  и како детето се доживува себе си односно колку ќе се чувствува вредно за љубов и уважување на неговите потреби, како ќе го доживува светот, како ќе комуницира и како ќе ги регулира своите емоции.

Авторка: Елена Василева, психолог и гешталт терапевт под супервизија, операторка на Линијата за родители

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: