„Сама си го барала“ – Институциите со култура на обвинување на жените жртви на сексуално насилство

Во текот на годините во Северна Македонија биле силувани многу жени, а се преземени малку мерки за спречување на оваа појава, како и заострување на казните за сторителите на ова кривично дело од страна на надлежните органи. Секоја година во земјава се регистрираат десетици вакви случаи. За повеќе информации Mollëkuqja подготви инфографик.

Не е подобра ситуацијата кога жртви на сексуални напади се деца кои во моментот на нападот не наполниле 14 години.

Културата што ги наведе луѓето да се запрашаат како жртвата била облечена во моментот кога била сексуално нападната и дали нејзината облека на крајот го поттикнала нападот, доминира во нашата земја. Вака за Mollëkuqja раскажува активистката Ана Аврамовска Нушкова.

„Ова е главно поради тоа што жените не се доволно запознаени со сите форми на насилство што можат да ги нанесат нивните партнери, тоа се должи и на традиционалните општествени вредности во нашата земја и стереотипите и родовите улоги меѓу мажите и жените. Почесто жената е виновна во контекст што со својот изглед или со начинот на кој се облекува дала причина зошто била нападната (сама си го барала). Дополнителен голем проблем е судскиот амбиент што постои кај нас. Многу девојки се срамат да признаат дека вакво нешто им се случило, знаејќи или претпоставувајќи дека прво ќе им судат најблиските (семејството), а потоа и пошироката околина“. – изјави Аврамовска.

Во оваа насока, Аврамовска додаде дека Министерството за внатрешни работи треба да ги обучи своите вработени за да не ја прашуваат жртвата на сексуално насилство зошто пешачела во 4 часот наутро, дали била пијана или како била облечена. Ужасот на жените жртви на сексуално насилство го достигнува својот врв кога судијата ќе одлучи да (не) го казни сторителот на ова кривично дело. Аврамовска вели дека и во судот владее култура на обвинување на жртвата. Многу често судовите изрекуваат или полесни или условни казни за сторителите. Овој факт му дава сила и на сторителот да продолжи со своите постапки, со што се губи смислата на целта на казнувањето, т.е. да го спречи сторителот да стори кривични дела и да влијае на неговото превоспитување, како и да постапува на воспитно. т.е. да се влијае на другите да не вршат кривични дела

– изјави Аврамовска.

Повеќе на оваа тема може да се прочита на страницата на мollëkuqja.mk на албански јазик.

Преземено од мollëkuqja.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Жените пријавуваат насилство, институциите не постапуваат, а механизмите за превенција се уназадуваат

Постојните законски механизми за заштита на жртвите не се користат во целост, институциите не постапуваат со потребната итност, а одговорноста за пропустите во постапувањето изостанува.

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи: