Ана Аврамоска-Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство смета дека зголемениот број на пријави во МВР од жени жртви се должи на тоа што за оваа тема сѐ повеќе се зборува јавно, има кампањи, медиумите се поактивни, па информациите што стасуваат до жените се повеќе на број, знаат каде да пријават и знаат кои се нивните права. Сепак, според неа, останува низок процент на новорегистрирани пријави во споредба со реалната распространетост на случаите и потребата институциите да постапуваат со внимание и професионален пристап при пријавувањето на насилството.
Целата статија е достапна на следниот линк.



