Од 1 до 4 април, учествувавме на регионална работилница која се одржа во Скадар (Албанија). Заедно со партнерите од мрежата на организации кои работат на спречување на насилството врз жените во регионот на Западен Балкан. На работилницата се утврдуваше методологија за спороведување на истражуваање за потребните финансиски средства за воспоставување и одржливост на специјализирани услуги за жени жртви на родово базирано насилство и семејно насилтсво.
Имено, се работи за регионално истражување кое се спроведува во 6 земји од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Во секоја од овие земји ќе се истражат средствата кои секоја држава ги одвоила за воспоставање и одржливост на услугите за жени жртви на РБН и СН, но и реалните потреби за тоа колку финансии се вистински потребни да во секоја од овие држави се воспостават квалитетни услуги во согласност со препораките на Истанбулската конвенција. Наодите и препораките ќе се бидат достапни за секоја земја поединечно, во посебни извештаи, но ќе се подготви и регионален извештај за Западен Балкан со клучните поенти. Методологијата опфаќа правна и институционална анализа, како и анализа на годишните буџети и средногодишните буџетски рамки.
Исто така, беа разменети искуства за законодавните рамки и буџетските практики во земјите од кои доаѓаат учесниците, а беа договорени прецизни чекори за анализа на податоци и подготовка на истражување
На работилницата присуствуваа и Ирене Новотни, програмска менаџерка на АДА Австрија и Елона Фана, програмска менаџерка на АДА Албанија, кои ја поддржаа работата на мрежата и ја истакнаа важноста на регионалната соработка во зајакнувањето на поддршката за жртвите на насилство.
Регионалната работилница на истражувачкиот тим, која се одржа во Скадар (Албанија) е дел од проектот „Институционализација на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција за жртвите на насилство II“, кој се спроведува од Центарот „Родова алијанса за развој“ (GADC) во партнерство со Националната мрежа за жени на Косово. Against Women and Family Violence Центар за женски права / Центар за права на жените AWEN-Албанска мрежа за зајакнување на жените, Фондацијата на обединети жени со поддршка на Австриската агенција за развој (ADA).