Регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE)

Во Сплит, Хрватска, од 9 до 11 април се одржа 26-та регионална конференција за Југоисточна Европа на Европската мрежа против насилство врз жените (WAVE), каде што се сретнаа претставнички од околу 40 организации кои секојдневно работат на поддршката и заштитата на жените и девојките кои се жртви на родово засновано насилство. Оваа средба претставува уникатна можност за вмрежување, градење сојузништва и размена на искуства кои се клучни за унапредувањето на родово одговорните политики и практики во регионот, а и пошироко.

Во текот на трите дена се отворија важни дискусии за тоа како да се обезбеди одржлива, достапна и квалитетна поддршка за жените жртви посебно во пристапот до специјализирани сервиси, како да се зајакне интерсекторската соработка и како да се надминат предизвиците со кои се соочуваат организациите, особено во рестриктивните опкружувања. Од темите поврзани со имплементацијата на Истанбулската конвенција, до дискусии за дигиталното насилство, примарна превенција и инклузија на маргинализирани групи, конференцијата отвори  простор за критичко размислување, заедничко учење и идно планирање.

Ана Аврамоска Нушкова, претставничка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, активно учествуваше во сесиите и ја сподели македонската перспектива и искуства, особено во делот на подготовката на извештаите во сенка до ГРЕВИО и користењето на меѓународни механизми на Обединетите нации за застапување за правата на жените. Нејзиното учество придонесува за зголемување на видливоста на нашата организација и зајакнување на улогата што ја имаме како граѓански сектор во меѓународните и регионалните процеси за заштита на женските човекови права и отвора простор за градење регионални партнерства засновани на солидарност и заемна поддршка.

Она што ја прави оваа конференција посебна е чувството на заедничка цел – сите жени и девојки, без разлика каде се наоѓаат, да добијат поддршка што ги заштитува нивните права, достоинство и живот. Од Сплит испраќаме силна порака дека преку регионалната соработка и феминистичкото сојузништво можеме да придонесеме кон трајни промени.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската