Работни средби со советнички од општините на Пелагонискиот и Вардарскиот регион

Во периодот од 21 до 24 ноември, во Кавадарци, Велес и Битола, тимот на Националната мрежа заедно со локалните партнерски женски организации – Здружение за родова еднаквост „Визија“ од Кавадарци, Организација на жени на општина Велес и Здружението за еднакви можности „Семпер“ од Битола, одржа три работни средби со советничките од општините кои се дел од Вардарскиот и Пелагонискиот регион.

На работните средби се разговараше за можностите за обезбедување на одржливост на Женските Центри за поддршка во Кавадарци и Битола кои беа отворени оваа година, со финансиска поддршка од општините. Имено, Женскиот центар за поддршка во Кавадарци (да се стави линк од ФБ) беше отворен на 1ви Септември 2022 година, со финансиска поддршка од 4 општини и тоа: Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија и е првиот регионален специјализиран сервис од ваков тип во кој се обезбедуваат услуги за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Женскиот центар за поддршка Битола се уште не е отворен официјално, односно неговото отворање е закажано за 9ти Декември, 2022 година.

На средбите беа презентирани наодите од спроведените анализи на локално ниво и советничките беа запознаени со состојбата со РБН и СН, број на пријавени жртви во последните години, број на постоечки и функционални сервиси за помош и поддршка на жртви на насилство. Понатаму, беа презентирани и  законските можности и решенија кој веќе постојат во нашата легислатива, а според кои локалните самоуправи се едни од клучните чинители кои се одговорни за воспоставување и обезбедување на одржливост на социјални услуги, меѓу кои и специјализирани услуги за жртви на родово базирано и семејно насилство.  Тимот на Националната мрежа и тимовите од партнерските организации, ги презентираа и деталните буџети, односно потребните финансиски средства за одржливост на еден советувалишен центар во времетраење од една година.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати новости

УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско

Конкурс за проектна координаторка

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува конкурс за проектен/на координатор/ка за потребите на Извршната канцеларија. Опис на позицијата и работни задачи:

Доста е со реакции по трагедијата – Државата мора итно да преземе сеопфатни мерки да ги заштити децата од насилство и да ја гарантира нивната безбедност

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство апелира за итно разрешување на случaјoт во кој тринаесетгодишно дете е прободено со нож во Скопската